Празниците што паѓаат во недела да не се префрлаат наредниот ден, бара Стопанската комора

Предлогот не предвидува укинување на постојните празници, туку ревидирање на правото на користење неработни денови. Бројот на неработни денови индиректно би се свел на 13, велат од Комората


Фото: Б. Богдановска

Стопанската комора на Македонија набргу до Министерството за економија и труд ќе достави предлог-измени на Законот за празниците, со кои бројот на неработни денови индиректно би се свел на 13, а празниците што се паѓаат во недела повеќе не би се префрлале како неработен ден во понеделник.