Пендаровски: Во мојот мандат нема теоретски шанси да амнестирам криминалци


Во мојот мандат нема теоретска шанса да амнестирам криминалци кои сакаат да убиваат  други луѓе граѓани  на оваа земја, порача претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на вечерашната трибина во општина Ѓорче Петров, осврнувајќи се на денешните информации  дека во претседателскиот Кабинет се пристигнати барања за помилувања за настаните од 27 април во …

Пендаровски: Во мојот мандат нема теоретски шанси да амнестирам криминалци Read More »

Река: Ќе се залагам за државен систем добар за сите


Претседателскиот кандидат Блерим Река вечерва пред жителите на Теарце потенцираше дека преку програмата што ја претставува ќе работи на тоа да има државен систем што е добар за сите. Ја потенцираше поддршката што ја добива од двете партии за победа. – Јас велам република, а не друштво за сите. Сега Македонија не е држава за …

Река: Ќе се залагам за државен систем добар за сите Read More »

Силјановска: Да победиме на изборите и да потсетиме предвреме да распишат парламентарни избори


Македонија ја замислувам како земја на здрава храна, како земја на развиен селски туризам, како земја на среќни граѓани, им порача вечерва кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова на предизборен собир во Македонски Брод, потенцирајќи дека најголем доказ за името на ова место е дека придавката македонски природно е врзана и неразделна од Македонија. …

Силјановска: Да победиме на изборите и да потсетиме предвреме да распишат парламентарни избори Read More »

Намалена затворската казна на возачот што ја прегази Фросина


За смртта на младата студентка Фросина Цековска која беше прегазена на пешачки премин кај Универзална сала во април 2015-та, Апелациониот суд ја намали затворската казна за 29-годишниот возач, јавува Телма. Скопјанецот Љубиша Видојковиќ добил тригодишна затворска казна односно апелација му ја намалила казната за една година. Покрај тоа Апелациониот суд му определил и мерка од …

Намалена затворската казна на возачот што ја прегази Фросина Read More »

Осудени за „27 април“ побарале помилување од претседателот Иванов


До кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов се доставени неколку барања за помилување на осудени лица за случајот „27 април“. Од кабинетот на претседателот за МИА велат дека последното од повеќето барања за помилување пристигнало во петокот во попладневните часови. За насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, на 15 март годинава на …

Осудени за „27 април“ побарале помилување од претседателот Иванов Read More »

ДИК: Во избирачките места со помалку од десет избирачи нема да се одвива гласање


Во избирачките места во кои има помалку од десет избирачи нема да се одвива гласање. Граѓаните ќе гласаат во најблиското соседно избирачко место кое не треба да биде подалеку од три километри. Ова го изјави претседателот на државна изборна комисија (ДИК), Оливер Деркоски на денешното отворање на 31 седница. Граѓаните ќе бидат известени од општинските изборни комисии …

ДИК: Во избирачките места со помалку од десет избирачи нема да се одвива гласање Read More »

Заев: Прифатени повеќе сугестии на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО


„Изработена е нова верзија за законот за СЈО, во која во одредени сегменти се прифаќаат голем дел од сугестиите на ВМРО-ДПМНЕ и веќе се испратени до претставникот на најголемата опозициска партија“, истакна премиерот Зоран Заев на работилницата „Гаранција за млади“ во организација на Агенцијата за млади и спорт. Премиерот очекува дека денеска да биде разгледана …

Заев: Прифатени повеќе сугестии на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО Read More »

Заев: „Бомбите“ нема да важат за случаите по 30 јуни 2017 година


Изработена е нова верзија за законот за СЈО, во која  во одредени сегменти се прифаќаат голем дел од сугестиите на ВМРО-ДПМНЕ и веќе се испратени до претставникот на најголемата опозициска партија, истакна премиерот Зоран Заев на работилницата „Гаранција за млади“ во организација на Агенцијата за млади и спорт. Тој очекува дека денеска да биде разгледана …

Заев: „Бомбите“ нема да важат за случаите по 30 јуни 2017 година Read More »

Порамнување на платите во културата по завршување на изборите


Министерството за култура соопшти дека направило анализа на потребните средства за порамнување на платите на вработените во установите од областа на културата по дејности, во согласност со постојните колективни договори на ниво на установи. Работната група формирана во Министерството за култура направила пресметки колку финансии се потребни, но додека траат претседателските избори законот не дозволува …

Порамнување на платите во културата по завршување на изборите Read More »

Собранието доби функционална фитнес сала


Собранието ја информира јавноста дека во рамки на склучениот договор од 25 септември 2013 година, со Друштвото за градежништво БЕТОН АД Скопје, согласно кој набавувачот  треба да набави мебел и останата опрема за новоизградените и реконструираните простории, опремена е и собраниската теретана со вкупна вредност од 1.096.383 денари. Теретаната е во функција од 10 јули …

Собранието доби функционална фитнес сала Read More »

Ден на Ромите: Еднакви права и достоинствен живот за сите


Потребно е силно ангажирање од сите чинители за вистинска имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбите на Ромите во државата. Еднакви права и достоинствен живот за сите, е единствениот пат за една успешна заедничка земја. За тоа не се доволни само конференции и проекти, туку и делување за градење вистинско инклузивно општество. Ова беше истакнато …

Ден на Ромите: Еднакви права и достоинствен живот за сите Read More »

Прекршочни постапки за седум декани поради анкетните листови


Од вкупно 28 декани за кои Државната комисија за спречување на корупцијата започна постапка, 23 поднеле анкетни листови за имотната состојба, додека пет сè уште немаат поднесено. Од Антикорупциска подвлекуваат дека донеле заклучок да се поведе прекршочна постапка за декани на државните универзитети и тоа од (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и …

Прекршочни постапки за седум декани поради анкетните листови Read More »

Силјановска со парафот на Северна ги потпишува „натпартиските“


Македонија влегува во втората третина од кампањата за претседателските избори, чиј прв круг е закажан за 21 април. Реториката се заострува, политичките партии ги потиснуваат кандидатите за претседател, кои се обидуваат да остават слика на академски граѓани и колеги, кои ги прифатиле партиските машинерии како нужно зло. Свесни дека ширењето негативни информации за политичкиот противник …

Силјановска со парафот на Северна ги потпишува „натпартиските“ Read More »

Локализиран пожарот на Водно


Пожарот што избувна доцна вечерва во шумата на планината Водно е локализиран 80 проценти, под контрола е, и се работи на дорасчистување на жариштата, изјави за МИА Владимир Симоновски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје. Во гаснењето на пожарот првично се интервенираше со три возила и десет пожарникари,  по што е испратено …

Локализиран пожарот на Водно Read More »

Пендаровски: За европска иднина, напред заедно


Заедно да одиме напред, независно од вера и нација, независно од тоа дали се работи за помлади или повозрасни. Заедно да овозможиме нови перспективи за вас, младите, за образование, пракса, патување, школување, работа.Ова денеска го порача кандидатот за претседател од СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски, кој учествуваше на отворената младинска трибина „Get up, stand up“. …

Пендаровски: За европска иднина, напред заедно Read More »

Неповторлива насмевка и талент


Јавноста е во шок и неверување откако доцна во саботната вечер се прошири информацијата дека актерката Билјана Беличанец-Алексиќ (45) е пронајдена мртва во својот дом во скопска Кисела Вода. Според официјалните информации на полицијата, во саботата околу 22:30 часот, во полициската станица во Центар, нејзиниот сопруг, режисерот Сашо Миленковски, пријавил дека ја пронашол без знаци …

Неповторлива насмевка и талент Read More »

(ВИДЕО) Заев: Му понудив на Мицковски заедничка влада, но не сакаше


Премиерот Зоран Заев вели дека му понудил на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедничка влада со цел да го истуркаат процесот за Преспанскиот договор, како и преговорите со ЕУ, ратификацијата со НАТО. Заев, ова го кажа интервју за битолската телевизија Тера. Тој вели дека Мицкоски сепак лаже оти му биле понудени пет министерства во владата. …

(ВИДЕО) Заев: Му понудив на Мицковски заедничка влада, но не сакаше Read More »

Османи: Напредокот во евроатлантските структури создава бизнис клима за инвестиции


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во рамки на работната посета на Португалија оствари средба со министерот за инвестиции и економски развој на Полска, Јежи Квиецињски, каде беа отворени темите за билатералната и економската соработка помеѓу двете земји, како и за поддршката од страна на Полска за европските интеграции на Република Северна Македонија. – Пред …

Османи: Напредокот во евроатлантските структури создава бизнис клима за инвестиции Read More »

Скратена работна недела за поголема продуктивност на работниците


Во последно време сè повеќе се размислува за скратување на работната недела, бидејќи се смета дека тоа позитивно влијае врз продуктивноста на работниците и им овозможува да постигнат баланс меѓу работниот и приватниот живот. Во Велика Британија веќе има случаи во кои помали компании ја скратуваат работната недела на четири работни дена, сметајќи дека со …

Скратена работна недела за поголема продуктивност на работниците Read More »

МВР потврди: Беличанец се обесила


Актерката и поранешна градоначалничка на Кисела Вода, Билјана Беличанец синоќа е пронајдена мртва во стан во Скопје. МВР соопшти дека синоќа околу 22.30 часот, во полициска станица Центар, С. М. пријавил дека на ул.„Истарска“ во неговиот стан ја пронашол неговата сопруга Б.Б.А. (45) од Скопје, која си го одзела животот со бесење. Од страна на …

МВР потврди: Беличанец се обесила Read More »