Спасовски: МВР без налог на обвинителството и судот не може да знае каде е Јанева


МВР нема обврска да знае каде се граѓаните на државата во кој било момент, освен ако има налог од надлежен обвинител или надлежен суд, рече денеска во Прилеп министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарското прашање дали МВР знае каде е специјалната јавна пбвинителка Катица Јанева. -Ако тргнеме од тој принцип дека МВР …

Спасовски: МВР без налог на обвинителството и судот не може да знае каде е Јанева Read More »

Мицотакис ја претстави владината програма: Со оружје технологија против бирократија


Земам збор со надеж дека ќе направам нов почеток во нашиот политички живот, бидејќи изборите на 7 јули затворија една деценија на економско, општествено и културно уназадување, рече грчкиот премиер на почетокот од неговото обраќање за време на тридневната расправа што е во тек во Парламентот за добивање доверба на владата, јави дописничката на МИА …

Мицотакис ја претстави владината програма: Со оружје технологија против бирократија Read More »

Заев: Мицотакис е искусен политичар кој сигурно ѝ мисли добро на својата земја


Господинот Мицотакис е искусен политичар и сигурно ѝ мисли добро на својата земја и на своите соседи, па и на целиот балкански регион, вели премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев во интервјуто објавено на грчката телевизија Алфа, а направено во Скопје, три дена пред изборите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Заев …

Заев: Мицотакис е искусен политичар кој сигурно ѝ мисли добро на својата земја Read More »

За опозицијата прифатливо интегрирањето на СЈО во ЈО, но не и Русковска на раководна позиција


Пред пратениците следната недела во Собранието ќе се најде новиот текст на законот за Јавно обвинителство, со кој Специјалното јавно обвинителство ќе се интегрира во досегашното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Опозицијата го прифаќа владиниот предлог за интегрирање на СЈО во ЈО, но не прифаќа истото да го предводи обвинителката Вилма …

За опозицијата прифатливо интегрирањето на СЈО во ЈО, но не и Русковска на раководна позиција Read More »

Пендаровски: Немам намера да го амнестирам Заев ако направил криминал


Претседателот Стево Пендаровски вели дека нема намера да го амнестира премиерот Зоран Заев доколку направил криминал. Тој тоа го кажа во контекст на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека понудата на шефот на државата за помирување значи единствено амнестија на претседателот на владата и на неговите најблиски соработници. „Јас и тогаш во тие разговори кои ги имавме …

Пендаровски: Немам намера да го амнестирам Заев ако направил криминал Read More »

Златна арена за најдобра режија во Пула за Теона Стругар Митевска


Режисерката на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ Теона Стругар Митевска ја доби наградата Златна арена за најдобра режија на 66.Филмски фестивал во Пула, Хрватска. Како што е наведено во соопштението, одлуката за доделување на оваа награда на Теона била донесена едногласно. -Прецизната препознатлива режисерска работа успеа целосно да го вовлече гледачот во случувањата, …

Златна арена за најдобра режија во Пула за Теона Стругар Митевска Read More »

Обвинителка на која ѝ се плашат: Која е Вилма Русковска?


Вилма Русковска, шефицата  на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и предложена за нова шефица на СЈО  е обвинителката која ја водеше истрагата за насилствата од 27 април, како и истрагата за бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски кој избега во Унгарија и стана азилант. Русковска ги водеше и истрагите …

Обвинителка на која ѝ се плашат: Која е Вилма Русковска? Read More »

„Независен“ во Хелсинки: На плажа во земјата на Дедо Мраз


Од нашиот известувач Слободанка Јовановска   Финска- „Сериозни сте околу среќата?“ – тоа е реклама која се врти низ финската престолнина Хелсинки, одразувајќи го она што го кажуваат испитувањата околу расположението на граѓаните, а според кои Финците се најсреќни луѓе во светот. Дали е така, самите Финци не можат да потврдат со сигурност, но она …

„Независен“ во Хелсинки: На плажа во земјата на Дедо Мраз Read More »

Завршена поделбата на дипломатскиот објект на СФРЈ во Атина меѓу Србија и Северна Македонија


Србија- Генералниот секретар во српското МНР и претставник во Мешовитиот комитет за распределба на дипломатскиот и конзуларниот имот на поранешна СФРЈ, Вељко Одаловиќ изјави дека е завршена поделбата на објектот во Атина меѓу Србија и Северна Македонија. – Објектот е поделен меѓу Србија и Северна Македонија, што претходно, од повеќе причини, не можеше да се …

Завршена поделбата на дипломатскиот објект на СФРЈ во Атина меѓу Србија и Северна Македонија Read More »

Русковска: Случајот „Империја“ може да биде одново отворен


Новото обвинителство најавено со Предлог законот што го објави вчера премиерот Зоран Заев може да го отвори од почеток предметот „Империја“, рече шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на радио Канал 77. – Не, мислам дека не. Откако Врховниот суд го донесе тоа несреќно …

Русковска: Случајот „Империја“ може да биде одново отворен Read More »

Заев го смени телефонскиот број, ќе брка и соработници


  Премиерот Зоран Заев и неговиот Кабинет воведуваат мерки за зголемување на безбедноста и ефикасноста во спроведувањето на агендата и комуникациите, соопшти службата за однос со јавноста на Владата. „Во тек е унапредување на протоколите и правилата за закажување состаноци и за спроведување на телефонски разговори во Кабинетот, со цел да се обезбеди високо ниво …

Заев го смени телефонскиот број, ќе брка и соработници Read More »

Вработени во УБК фатени со марихуана


Полицијата привела двајца вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и против нив покренала дисциплинска постапка откако, како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, кај нив пронашла марихуана завчера при преглед на возилото во кое патувале на ул. „Козле“ во Скопје. – Завчера околу 18.20 часот на ул.„Козле“ во Скопје, полициски службеници извршиле …

Вработени во УБК фатени со марихуана Read More »

Ново СЈО, со нова шефица


Наместо дебата во Клубот на пратеници за статусот на Специјалното јавно обвинителство, премиерот Зоран Заев ја откажа вчера лидерската средба и најави нов закон за јавното обвинителство со кој е опфатено и обвинитеството преку кое сега се прекршува скандалот наречен „Rекет“. Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, остана до крај на ставот да не присуствува …

Ново СЈО, со нова шефица Read More »

Чомовски: Нејасно е зошто Камчев се исплашил од Боки 13


Новинарот Александар Чомовски, кој работеше во 1ТВ, прозборе за ситуацијата во која се наоѓа оваа телевизија. Откако менаџерот на 1ТВ, Бојан Јовановски, е во притвор како првоосомничен во случајот „Рекет“, расте интересот во јавноста што ќе се случува со телевизијата и новинарите кои таму работат. Гостувајќи во радиото Канал 77, Чомовски рече дека не знаел …

Чомовски: Нејасно е зошто Камчев се исплашил од Боки 13 Read More »

Со Михаил Корубин во ателје: Слободата ми е тука, во Скопје


Њујорк пред Скопје ја виде уметничката бескрајна приказна, светлост, раце, очи и ликови кои истовремено личат на секого и на никого, насликана на 15 мегаформати, платна работени во масло и акрилна техника на талентираниот уметник Михаил Корубин (33), од семејството на славни сликари како Миле и Рубенс Корубин. Сега на ред е родниот град да …

Со Михаил Корубин во ателје: Слободата ми е тука, во Скопје Read More »

Случај „Рекет“: Ловот на пратеници е неизвесен


Дали ќе биде проширена истрагата за случајот „Рекет“ или единствени осомничени за рекетарската мрежа ќе останат менаџерот на 1ТВ, Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец е главното прашање што се поставува по отворањето на оваа истрага која ја шокираше јавноста. Засега Јавното обвинителство е многу претпазливо, ги анализира доказите што ги има …

Случај „Рекет“: Ловот на пратеници е неизвесен Read More »

Мета високо ги оцени проевропските ставови на Пендаровски и Заев


Албанскиот претседател Илир Мета коментирајќи ја состојбата во неговата земја, високо ги оцени проевропските ставови на неговиот колега претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев во надминување на одредени прашања. – Треба да имаме корист од позитивниот момент што Северна Македонија го постигна со Преспанскиот договор. Многу важно и за Албанија …

Мета високо ги оцени проевропските ставови на Пендаровски и Заев Read More »

ВМРО-ДПМНЕ ќе го анализира решението за СЈО, а за Русковска велат дека била желба на Заев


ВМРО-ДПМНЕ, кога ќе го добие, ќе го анализира предлогот за ново законско решение за јавното обвинителство што го најави премиерот Зоран Заев. Опозициската партија исто така од старт гледа со резерва на предлогот на Заев – новото обвинтелство за гонење организиран криминал и висока корупција да раководи обвинителката Вилма Русковска. -Не можеме ништо да коментираме …

ВМРО-ДПМНЕ ќе го анализира решението за СЈО, а за Русковска велат дека била желба на Заев Read More »

Хан на средби со Заев, Мицкоски и Пендаровски на 25 јули во Скопје


Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан на 25 јули ќе допатува во Скопје и ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, претседателот Стево Пендаровски и лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потврдија од Европската Комисија за МИА. Агендата на посетата сѐ уште не е позната, но засега потврдени се овие три средби на кои …

Хан на средби со Заев, Мицкоски и Пендаровски на 25 јули во Скопје Read More »

Рамуш Харадинај поднесе оставка на премиерската функција


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска поднесе оставка на функцијата, за време на оддржување на седница на косовската Влада. -Оставката е неотповиклива, рече Харадинај. Харадинај, на прес-конференција, рече дека не може да се појави пред Специјалниот суд во Хаг како шеф на владата, туку како државјанин на земјата кој ја чува честа на шефот на владата и државата. Тој …

Рамуш Харадинај поднесе оставка на премиерската функција Read More »