Вкупно активни 3.475 случаи на Ковид-19, најмногу заболени во Скопје и Тетово


Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 8.332, а во моментов активни се 3.475, откако вчера беа регистрирани 135 нови случаи на заразени. Бројката на заболени повторно е највисока во Скопје, со тоа што вчера од направените 1.259 тестирања во главниот град се регистрирани 76 позитивни лица. По Скопје следи […]

Гласале 7.861 болни и немоќни, 234 лица во домови за вонсемејна грижа и 1.235 затвореници


Вкупно 7.861 болни и немоќни лица го оствариле правото на глас денеска на вториот ден од гласањето на предвремените парламентарни избори. Што се однесува до лицата кои се наоѓаат во домови за вонсемејна грижа, од вкупно 357 пријавени избирачи во оваа категорија, гласале 234, а во казнено поправни установи 1.235 лица, соопшти вечерва на прес-конференција […]

Научниците се фокусираат како Т-клетките се борат со корона вирусот кога ги нема антителата


Неодамнешните студии покажуваат дека некои оздравени пациенти кои биле тестирани негативни на коронавирусни антитела, развиле Т-клетки како одговор на нивната инфекција со Ковид-19   Додека научниците се прашуваат дали присуството или отсуството на антитела на новиот корона вирус може со сигурност да го утврди имунитетот, некои бараат друга компонента на имунолошкиот систем, познат како Т-клетки, […]

Нови 135 случаи, четворица починати и 142 оздравени


Во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на Ковид-19, починаа четворица, а 142 пациенти се оздравени. Скопје – 76 Куманово – 6 Дебар – 2 Штип – 6 Прилеп – 1 Тетово – 13 Струга – 7 Битола – 3 Охрид – 1 Кавадарци – 1 Гостивар – […]

Насер Зибери позитивен на корона, што станува со луѓето од неговиот изборен штаб


Веста дека кандидатот на ДУИ за премиер, Насер Зибери, е позитивен на корона вирусот дојде неочекувано еден ден пред гласањето. Од ДУИ велат дека Зибери денеска го добил решението дека е позитивен и дека не знаат каде се заразил додека се среќавал со многу луѓе за време на кампањата. Инкубацијата на вирусот кај Зибери може […]

Австрија забрани слетување авиони од Западен Балкан, на удар и Македонија


Со цел намалување на ширењето на пандемијата на коронавирус, Австрија го прошири списокот на земји за кои важи забранетата за слетување на австриските аеродроми на сите земји од Западен Балкан. Новата уредба на Министерството за здравство го прошири списокот од осум на 18 земји. Од четврток авионите од сите земји од Западен Балкан, Бугарија, Романија, […]

Ги снема странците, на Пелистер годинава само домашни гости


Многу странски туристи кои престојуваа во Охрид поминуваа некој ден и на Пелистер. Сега нив ги нема. А целосно се откажани и организираните групи од Словенија, Чешка, Полска. Хотелот „Молика“ ги намали цените до 30 отсто за да ги привлече домашните гости   Анета Блажевска БИТОЛА – Ниту нашинци од дијаспората, ниту странци нема да […]

Десетти парламентарни избори, петти предвремени


Граѓаните на Северна Македонија на 15 јули по 10-ти пат од осамостојувањето на државата ќе избираат пратеници во Собранието. Предвремените парламентарни избори ќе бидат 23-то изборно изјаснување во осамостојувањето на државата. Првите избори за пратеници во Собранието беа одржани во 1990 година, вторите во 1994, третите во 1998, четвртите во 2002, петтите во 2006, шестите […]

Вкупно активни 3.486 случаи на Ковид-19, не се очекува поголем наплив во болниците


Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.197 лица, од кои моментално активни се 3.486, откако вчера беа регистрирани 88 нови случаи од вкупно направени 973 тестирања. Најголем број активни има во Скопје – 1 788 лица, потоа Куманово – 194 и Дебар – 151. Од скопските општини со […]

Растат тензиите меѓу Фаучи и администрацијата на Трамп


Белата куќа сѐ повеќе го критикува американскиот стручњак за заразни болести и членот на работната група за борба против корона вирусот, Ентони Фаучи. Тоа доаѓа откако се зголемија тензиите меѓу Фаучи и претседателот на САД, Доналд Трамп. Претставник на Белата куќа вчера објави список на изјави за кои сметаат дека се проблематични. Меѓу нив се […]

Корупциската криза го стави Борисов на тенок мраз


Една недела Бугарија е влезена во вител на протести. Граѓаните го губат трпението од мрежата на олигарсите, во која се фатени партијата на премиерот Борисов, државните институции, а особено судството   Повеќе од една деценија, германската канцеларка Ангела Меркел и другите лидери на централната десница на ЕУ никогаш не сакаа да размислуваат премногу за тоа […]

Сопругата на Пендаровски во избирачкиот одбор за лица во изолација или болни од Ковид-19


Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска денеска беше дел од избирачкиот одбор на територија на општина Гази Баба, како медицинско лице, за гласањето на лицата кои се во изолација или болни од Ковид-19. Како што е познато, првата дама е редовен професор на Стоматолошкиот факултет и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија на Универзитетот […]

ДИК: Почнаа изборите, важечки се ливчињата на коишто е заокружен редниот број на подносителот на листата


Државната изборна комисија (ДИК) денеска ја одржа првата прес-конференција по отпочнувањето на трите денови гласање во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. Портпаролот на ДИК Адмир Шабани соопшти дека право на глас имаат еден милион 814 илјади и 263 граѓани и оти во овие три дена ќе гласаат различни […]

Под маски и во ракавици – почнува гласањето за нови пратеници


Денеска се очекува своето право на глас да го искористат 724 лица кои се во домашен карантин поради тоа што им е дијагностициран Ковид-19 или се во самоизолација   Заврши кампањата за десеттите парламентарни избори и денеска почнува гласањето за пратеници во идниот собраниски состав, кој би бил конституирaн кон почетокот на следниот месец. По […]

Влијателни странски медиуми ќе известуваат за изборите, најбројна екипата на Ал Џезира Балкан


Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат новинарски екипи од петнаесеттина странски медиумски куќи. За изборите од терен ќе известуваат 55 странски новинари кои добија акредитации од Државната изборна комисија. Најбројна екипа од 18 новинари испраќа Ал Џезира Балкан, а свои тимови или новинари ќе имаат и Ројтерс, Франс Прес, Гласот на Америка, […]

Активни 3.526 случаи на заразени со Ковид-19, оздравеле 4.203 лица


Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не стивнува. Најмногу случаи и натаму има главниот град, а од скопските општини предничи Чаир. Сто триесет и шест нови случаи на заболени од Ковид-19 беа регистрирани […]

Кампањата завршува, почнува гласањето – за продолжување кон ЕУ или за враќање назад


Овие избори, барем во т.н. македонски политички блок, не се избор меѓу континуитет и промени, туку меѓу континуитет во поставениот евроатлантски курс и можното враќање кон политики што би можеле да го испроблематизираат повторно преговарачкиот процес со ЕУ   На полноќ почнува изборниот молк пред десеттите парламентарни избори, кои се одржуваат во мошне специфична здравствена […]

Интервју со Фатмир Битиќи: Сите мерки на СДСМ поминаа низ симулации и се тестирани


Економската програма на СДСМ е многу прецизна, одмерена, реална и поставена на цврсти економски фундаменти споредено со програмите на другите партии. Нашиот концепт за развој суштински се разликува од оној на ВМРО-ДПМНЕ, вели Фатмир Битиќи, советник на премиерот и претседател на Економската комисија на СДСМ   Мирче Јовановски Политичките партии и на овие избори излегоа […]

Претседателство со ЕУ – товар на грбот на Ангела Меркел


Ангела Меркел повеќе пати за време на нејзиниот мандат како канцеларка беше обвинета дека не е „Европејка со чисто срце“, дека и недостасува страст. Сепак, во нејзиниот прв говор пред Европскиот парламент откако Германија го презеде претседателството со ЕУ од Хрватска, таа се обиде да биде малку поемотивна. По корона-кризата Европа се соочува со најголемиот […]

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии


Граѓаните на Северна Македонија на предвремените парламентарни избори ќе можат да гласаат за кандидатските листи на 15 коалиции и партии со вкупно 1.578 кандидати, од кои 903 се мажи, а 675 жени. Според статистичките податоци на ДИК, по возраст најмногу или 795 се меѓу 30 и 49 години. Изборот се прави со заокружување на редниот […]