Сопругата на Пендаровски во избирачкиот одбор за лица во изолација или болни од Ковид-19


Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска денеска беше дел од избирачкиот одбор на територија на општина Гази Баба, како медицинско лице, за гласањето на лицата кои се во изолација или болни од Ковид-19.

Како што е познато, првата дама е редовен професор на Стоматолошкиот факултет и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а исто работи и како стоматолог со пациенти (деца).

Ѓоргиевска беше избрана по случаен избор од Државната изборна комисија. Финансискиот надомест кој и следува како член на избирачки одбор ќе го донира во хуманитарни цели.

За време на карантинот во Македонија сопругата на Пендаровски имаше неколку видео-обраќања до јавноста за почитување на препораките за заштита од Ковид-19 и како да се употребуваат медицинските и платнени маски.