Растат тензиите меѓу Фаучи и администрацијата на Трамп


Белата куќа сѐ повеќе го критикува американскиот стручњак за заразни болести и членот на работната група за борба против корона вирусот, Ентони Фаучи. Тоа доаѓа откако се зголемија тензиите меѓу Фаучи и претседателот на САД, Доналд Трамп.

Претставник на Белата куќа вчера објави список на изјави за кои сметаат дека се проблематични.

Меѓу нив се варијабилните препораки на Фаучи за носење маски и предупредувања дека состојбата во Соединетите Држави со корона вирусот е сериозна.

Во документот што излегол од Белата куќа во текот на викендот, се вели дека „неколку официјални претставници на Белата куќа се загрижени од тоа колку пати доктор Фаучи направил грешка“.

„Кога ме прашувате дали ги слушам советите на доктор Фаучи, одговорот е само со претпазливост“, рече советникот на Белата куќа, Питер Наваро.

Забелешките се должат на забележителен скок на бројот на заразени лица со корона вирус во САД.

Потврдени се повеќе од 3,3 милиони случаи, а повеќе од 135.000 луѓе починале од Ковид-19 низ целата земја, според Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Фаучи во повеќе наврати потенцираше дека брзото олеснување на мерките влијае на побрзото ширење на инфекцијата, а тој се спротивстави и на изјавите на Трамп дека епидемијата во САД се смирува. (Би-би-си)