Османи го повика Мицкоски да му се јави по телефон ако сака информации за Бугарија


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, порача денес  дека идејата за Берлинскиот процес е поттикнување на регионалната соработка и забрзување на евроинтеграцијата на земјите од регионот. Затоа, неодржувањето на меѓувладината  конференција со ЕУ во декември ќе биде неуспех за сите, за Македонија, за Бугарија и за германското  претседателство. Околу ставот на премиерот Зоран Заев дека […]

Светски ден на одржување хигиена на рацете: Задолжително да се мијат често


Подигнување на свесноста и разбирањето за важноста од редовно и темелно миење на рацете со сапун и вода, како најлесен и најдобар начин за превенција од болести и спречување на ширење на инфекции, е пораката на Светскиот ден на одржување хигиена на рацете, што се одбележува денеска под мотото „Хигиена на рацете за сите“. Овој […]

Македонските и бугарските историчари по речиси една година повторно на средба – нов обид за издигнување над политичкиот контекст


Македонските и бугарските историчари денеска по пауза од речиси една година повторно ќе се состанат за да го продолжат дијалогот, кој се води во рамки на Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Десеттиот состанок на Комисијата, која е формирана со цел да најде заеднички јазик за […]

Продолжува да расте бројот на новозаразени од Ковид-19, најзастапена групата од 30-39 години


Бројот на новозаразени од Ковид-19, продолжува да расте. Последната дневна статистика што ја објави вчера Министерството за здравство покажуват дека скоро 20 проценти од тестираните пациенти се позитивни на корона вирусот, односно од 2.441 направен тест се регистрирани  445 нови случаи. Во Институтот за јавно здравје се регистрирани 194 оздравени пациенти, а во болнички услови […]

(Видео) Грција бесплатно ќе го чува небото над Македонија


Додека македонското небо ги чека грчките авиони да ја преземат редовната контрола, НАТО организираше виртуелна тура за медиумите во базите во Словенија , Унгарија, Италија и во главната команда за контролата на небото на Алијансата во Рамстејн, Германија. Станува збор за исклучиво одбранбена активност 24/7 која треба да не заштити од неконтролирани летови  во нашиот […]

Не е само Пошта, приватно партнерство ќе се бара и за ТЕЦ „Неготино“, „Железници – Транспорт“, „Еврокомпозит“, „Колска“…


Не само за Пошта, туку и за други компании во кои државата има учествои или се во нејзина сопственост, ќе се бараат модели за јавно-приватно партнерстто или приватизација, најави денес премиерот Зоран Заев, во одговор на новинарско прашање. Во однос на трансформацијата на Поштата, Заев оцени дека многу институции во државата покажале оти мора континуирано […]

ИЈЗ: Зголемен бројот на заболени и починати од Ковид-19


Министерството за здравство соопшти дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 5 до 11 октомври, вкупно се тестирани 13.028 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 или 32,5 отсто повеќе во однос на претходната недела. Регистрирани сe 2.243 нови позитивни случаи од […]

МЗ: Преку ЕУ државава добива брз пристап до лекот „Ремдесивир“


Преку Европската Унија, Република Северна Македонија добива брз пристап до лекот „Ремдесивир“. Европската Комисија потпиша рамковен договор со фармацевтската компанија „Gilead“ за набавка на 500.000 дози од „Veklury“, бренд името на лекот „Ремдесивир“, со можност за дополнително зголемување на количините, соопшти Министерството за здравство. Заедничкиот договор за набавка, како што се посочува, е потпишан од […]

За воведување на новите антикорона мерки потребни се законски измени, Владата одобри набавка на вакцини против Ковид-19


Владата на вчерашната седница ги разгледа препораките на Комисијата за заразни болести за задолжително носење заштитни маски на отворено и за забрана за групирање во домови на семејни прослави и на повеќе од четири лица на јавен простор по 22 часот, при што заклучи дека за нивно спроведување ќе бидат неопходни измени во Законот за […]

Бројките на заразени вртоглаво растат, но стапката на смртност се намалува


Стапката на смртност во Македонија се намали на 3,77 проценти. Така е и во регионот: забрзано растат инфекциите, но не и бројот на починати. Нема едноставно објаснување за тоа, освен можеби податоците дека Ковид-19 многу се шири меѓу бладите луѓе, а тие полесно ја поднесуваат болеста   Денешниви бројки на активно заболени од корона вирусот […]

ЕУ ќе го откочи потенцијалот на вашата економија: Интервју со Борис Вујчиќ, гувернер на Хрватската народна банка


Мојот совет е едноставен – вложете максимални напори и влезете во ЕУ, а потоа и во еврозоната што е можно поскоро. Самото влегување во ЕУ претставува една голема структурна реформа што ќе го откочи потенцијалот на вашата економија. Исто е и со влегувањето во еврозоната, вели за „Независен“ хрватскиот гувернер Вујчиќ Мирче Јовановски  Борис Вујчиќ, […]

Роналдо е позитивен на коронавирус


Португалија – Напаѓачот на Јувентус и Португалија, Кристијано Роналдо е позитивен на коронавирус. Сега фудбалерот ќе мора да оди на самоизолација. Така, тој ќе го пропушти натпреварот од Лигата на нации против Шведска закажан за утре. Исто така, тој мора да ги пропушти следните натпревари за Јувентус – со Кротоне во италијанскиот шампионат (17 октомври) и […]

МОН: 42 ученици и 65 наставници се заболени од Ковид-19


Министерството за образование и наука информира дека заклучно со 12 часот денеска, вкупно има 42 активни случаи на Ковид-19 кај учениците и 65 кај наставници. Од нив, 29 ученици се од основно образование, а 13 од средно, додека 47 наставници се од основно, а 18 од средно образование. Во однос на основните училишта, МОН наведува […]

Празнично, само 80 нови случаи со Ковид-19, починаа тројца


Во последните 24 часа, со оглед на тоа што беше празник, направени се само 680 тестирања,  а регистрирани се 80 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 54 -Куманово 1 -Тетово 3 -Велес 4 -Кавадарци 2 -Гостивар 7 -Крива Паланка 1 -Кочани 3 -Виница 2 -Делчево 1 -Свети Николе 2 Починати се 3 лица, пациенти од […]

Димова не ги доделува грантовите, Златковски тврди дека проектите се сработени


Низ голгота поминувала три дена директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова, откако во медиумите беше објавено дека на фризерница од Скопје ѝ биле доделени во три нарвати 270.000 евра за спроведување образовни програми. – Информациите кои беа пласирани изминатиов период се тотално замајување на јавноста, рече директорката на Националната […]

Бугарија ризикува да падне во изолација во ЕУ со вето на преговорите на С. Македонија


Евентуално вето од Софија на преговорите на С Македонија би било апсурдно бидејќи е спротивно на официјално декларираната политика на Бугарија за поддршка на евроинтеграциите на Западен Балкан, оценка од бугарската експертска фела, а од Парламентот порака дека во надминувањето на недоразбирањата меѓу двете земји може да помогнат и законодавните домови. Бугарскиот политички аналитичар Иван […]

Активни случаи со Ковид-19 во земјава се 4015, да се почитуваат мерките за заштита


Нови 177 случаи со Ковид-19 од 778 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починати се пет пациенти од кои еден од Тетово (67 г.), еден од Струмица (87 г.), еден од Крива Паланка (68 г.) и двајца од Кочани (70 г. и 73 г.). Вкупниот број Ковид […]

Истрага во Австрија: Како грешките во ски-центарот во Ишгл го забрзаа ширењето на Ковид-19 во Европа


Извештајот на комисијата наведува дека властите во Ишгл направиле „големи погрешни пресметки“ во моментот кога се открило дека вирусот некако стигнал во фамозниот ски-центар   Независна комисија откри дека австриските национални и локални власти направиле „значајни погрешни пресметки“ прво двоумејќи се, а потоа брзајќи да го евакуираат алпскиот ски-центар што е опишан како „нулта точка“ […]

Европа го „укинува“ ноќниот живот за да избегне карантин – може ли да успее ваквата стратегија


Според податоците на Светската здравствена организација, Европа сега бележи повеќе случаи на инфекции со корона вирусот отколку САД, Бразил и Индија. Многу влади почнаа да ги затвораат баровите и кафулињата или да им го ограничуваат работното време со цел да избегнат карантин, но прашање е дали оваа стратегија може да успее, пишува Си-eн-eн. Владите ширум […]

Патувања без ПЦР тест и во Косово, за Србија, Црна Гора и БиХ останува обврската


Македонските државјани можат да патуваат во Косово без приложување негативен ПЦР тест, додека таа обврска останува и понатаму за влез во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина,, откако Владата синоќа поради новонастаната епидемиолошка состојба ја ревидираше одлуката донесена во понеделнкот со која трребаше да се отворат ганиците со сите четири земји -Владата на Република […]