Има ли живот за Пошта по ерата на ДУИ


Повеќе од деценија и пол управување со некое акционерско друштво, па макар тоа било и во државна сопственост, е можност да се направат големи работи – да се преструктуира работењето, да се подготви за неминовната конкуренција, да се осовременат процесите… Но, наместо тоа, луѓето кои беа назначувани на раководни места по предлог на ДУИ, во […]

Бирото за развој препорачува оценувањето засега да биде онлајн


Поради влошувањето на епидемиолошката состојба, а за да се заштити здравјето на учениците и на наставниците, Бирото за развој на образованието доставило препорака до сите училишта оценувањето да биде онлајн преку платформата, јавува факултети.мк. „Предвидени се средби со физичко присуство на кои учениците треба да се тестираат, но поради влошувањето на епидемиолошката состојба, а за […]

Нови ковид мерки – Угостителите ќе работат до 23 часот, администрацијата од дома, а јавниот превоз со преполовен капацитет


Угостителските објекти ќе работат до 23 часот, државната администрација треба да го организира работењето од дома или во смени, а капацитетот на јавниот превоз ќе се ограничи за 50 отсто. Ова се дел од препораките на Комисијата за заразни болести со цел заштита од Ковид-19, кои Владата вчера ги усвои и истите веднаш стапија на […]

Нови 408 случаи на Ковид-19, оздравени 280, починати четири лица


Во последните 24 часа направени се 2140 тестирања, а регистрирани се нови 408 случаи на Ковид-19. Оздравени се вкупно 280 пациенти, а починале четири лица. Според извештајот на Министерството за здравство, најмногу новозаболени има во Скопје-227 лица, потоа Куманово-12, Штип-15, Прилеп-4, Тетово-34, Струга-5, Велес-15, Битола-10, Охрид-23, Кавадарци-4, Гостивар-2, Струмица-18, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Кочани-4, Демир Хисар-4, […]

Бугарија го блокира и договорот на Македонија со ФРОНТЕКС


Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон е во контакт со бугарската влада за да се најде решение за блокада на договорот за Фронтекс со Северна Македонија од страна на Софија. Северна Македонија не може да го финализира договорот за гранично управување со Европската Унија поради билатералниот спор со Бугарија. Европската Унија почна да ги склучува […]

Ејуп Рустеми од „Пошта“ заминува во Државни патишта на местото на Зоран Китанов


Еуп Рустеми, досегашниот директор на Македонска пошта ќе биде новиот директор на Јавното претпријатие за државни патишта, соопшти денес премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање по меѓународната научна конференција за македонскиот јазик во институтот „Крсте Мисирков“. На денешната седница Владата би требало да назначи директори и на други претпријатија или институции, објасни Заев, […]

Есенска идила во Скопје (галерија)


Жолтата боја, шушкањето на лисјата под нозе, тишината на раната есен и малку сонце е она што ни треба сега во време на корона и зовриени политички страсти. Најубаво, рано насабајле, додека Скопје се буди и почнува трката со времето и професионалните обврски. Скептиците стануваат романтичари, песимистите-оптимисти.Воздухот мириса на надеж, ви навираат спомени од младоста, […]

Состојбата во градинките под лупа на надлежните, досега 18 деца и 55 вработени позитивни на корона вирусот


Од моментот на отворање на градинките на 9 септември, досега има вкупно 18 деца и 55 вработени позитивни на коронавирусот. Во моментот, во изолација се вкупно 309 дечиња и околу 50-тина вработени. Бројот на заболени деца и вработени во градинките во последните две недели се зголемува, но генерално нивната здравствена состојба е добра. Според министерката за […]

Нови 161 заразени, 12 починати, 154 оздравени од Ковид-19


Во последните 24 часа се направени 771 тестирања, а регистрирани се 161 нов случај со Ковид-19, што изнесува 20 проценти: Скопје – 90, Куманово – 11, Штип – 2, Прилеп – 6, Тетово – 5, Велес – 4, Кавадарци – 2, Гостивар – 15, Струмица – 8, Крива Паланка – 1, Радовиш – 1, Кочани […]

Филипче: Ако овој пакет мерки не даде резултат, следува полициски час


Комисијата за заразни болести на Владата ќе ѝ предложи сите економски оператори да имаат крај на работното време во 23 часот односно, еден час пред полноќ сè ќе мора да биде затворено. Покрај оваа мерка, Владата ќе предложи и 50 отсто намалување на капацитетите во јавниот превоз, како и задолжително носење маски на отворено. Поради […]

Собранискиот кворум на ковид-тест


Додека повеќето парламенти во светот веќе преземаа мерки за работа во услови на епидемија, што во одредени ситуации подразбираше и промена на деловниците и на законски акти, ВМРО-ДПМНЕ не сака никакви промени во начинот на работа на македонското Собрание   Два предлози за алтернативно функционирање на парламетот се ставени досега на маса,  во ситуација кога […]

Груевски со пари од ВМРО-ДПМНЕ ги купувал плацевите на Водно


Обвинителството наведува дека Груевски за шест години присвоил 1,3 милиони евра дадени за партијата преку донации и потоа ги испрал преку фирма од Белизе за купување на плацевите на Водно   Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција покрена истражна постапка против шест лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски и неговиот […]

428 нови случаи на Ковид-19, починати се 10 лица


Во последните 24 часа се направени 1853 тестирања, а регистрирани се 428 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 200 -Куманово 16 -Дебар 2 -Штип 9 -Прилеп 29 -Тетово 30 -Струга 2 -Велес 6 -Битола 14 -Охрид 4 -Кавадарци 17 -Гостивар 5 -Гевгелија 15 -Струмица 11 -Крива Паланка 1 -Радовиш 6 -Кочани 12 -Пробиштип 1 -Македонски […]

Училиштата воведоа целодневна настава – на родителите не им одговара


Билјана Богдановска Целодневната настава или дневен престој во училиштата, на дел од родителите не им врши работа, иако основните училишта почнаа да ја воведуваат, покрај епидемијата од корона вирус. Имено, родители не се одлучуваат да го запишат детето во целодневна затоа што треба да го земат во 14.30 или 15 часот од училиште, а тие […]

Ковид-19 втурна 25 илјади лица во релативна и уште 100 илјади во апсолутна сиромаштија


Како последица на пандемијата со корона вирусот, односно губењето на работните места или намалувањето на платите 25 илјади лица во нашата земја се втурнати во релативна сиромаштија, а нови 100 илјади граѓани ќе живеат со помалку од 125 денари на ден, односно ќе западнат во апсолутна сиромаштија, покажуваат резултатите од истражувањето што го направи институтот […]

Проф. Улф Брунбауер за Бугарското радио: „Околу темата ‘Македонија’ Бугарите прават од мувата слон“


Според познатиот австриски историчар, кој ја проучува историјата на двете земји, бугарскиот меморандум испушта дух на комунистичката историографија од годините кога се сметаше дека државата, владата, може да каже како се пишува историјата   „Реакцијата е разбирлива, бидејќи во последните неколку години Република Северна Македонија мораше да направи многу болен компромис со своето име за […]

Нови предлог-мерки за заштита од Ковид-19, откако бројот на новозаболени стана загрижувачки


Поради високата стапка на новозаболени од Ковид-19, Комисијата за заразни болести вчера донесе нови предлог-мерки со кои се забранува организирање на настани, се скратува работното време на сите економски субјекти до 23 часот, и до 50 отсто да е исполнет капацитетот во јавниот превоз. Надлежните уверуваат дека постојат механизми за справување со вирусот, но во […]

СЗО: Болниците во Европа наскоро би можеле да ги достигнат максималните капацитети


Зголемениот број случаи со корона вирус во Европа наскоро може да ги исполни капацитетите на многу болници, објави Светската здравствена организација (СЗО). „Изминатава недела бројот на пријавени случаи со корона вирус во Европа беше речиси три пати поголем отколку во екот на пандемијата во првиот бран во март“, изјави лидерот на СЗО Тедрос Аданом Гебреизус […]

(Видео) Нема договор за Гоце Делчев, новите предлози ќе се расправаат во декември


На дводневната средба на македонско-бугарската историска комисија имало одреден напредок, главно околу учебниците   Постигнавме напредок, но толку мал што не можам да го наречам чекор туку стапка напред, ги сумираше резултатите од средбата на Македонско-бугарската комисија за историски прашања бугарскиот шеф на тимот, Ангел Димитров, кој за да ја опише уште подобро атмосферата направи […]

Љупчо Николовски ќе бара разрешување на Димова


Потпретседателот на владата, Љупчо Николовски, вечерва најави дека ќе побара разрешување на директорката на Националната агенција за европски програми, Лидија Димова, на седницата на владата идниот вторник по скандалот со грантовите во вредност од 270.000 евра доделени на компанијата„В.Е.З. Трејд“ на извесен Зоран Златковски. „Димова треба да поднесе политичка и морална одговорност, а понатаму институциите […]