Не е само Пошта, приватно партнерство ќе се бара и за ТЕЦ „Неготино“, „Железници – Транспорт“, „Еврокомпозит“, „Колска“…

Фото: Б.Грданоски

Не само за Пошта, туку и за други компании во кои државата има учествои или се во нејзина сопственост, ќе се бараат модели за јавно-приватно партнерстто или приватизација, најави денес премиерот Зоран Заев, во одговор на новинарско прашање.

Во однос на трансформацијата на Поштата, Заев оцени дека многу институции во државата покажале оти мора континуирано да им се дотираат државни пари на месечно или квартално ниво, затоа што не можат „да се борат на пазарот“ и се зрели за јавно-приватно партнерство или за приватизација.

– Земјите со кои се натправаруваме се со приватни пошти или со пошти со доминантно приватен капитал. Верувам дека ќе направиме некое успешно менаџирање со Словенија, Австрија, Германија, Полска… за да имаме перспективи за „Македонски пошти“. Целта е да имаме квалитетен поштенски собраќај и услуги за граѓаните, додаде Заев.

Тоја нагласи дека ваквите трансформации не значат дека некој ќе изнесува нешто надвор од државата, бидејќи тие фирми остануваат и ќе работат тука, додавајќи дека такви идеи има за повеќе компании, како ТЕЦ „Неготино“, „Македонски Железници – Транспорт“, „Еврокомпзит“, „Колска“ од Велес.

– Јавното-приватно партнерство ќе биде една од преокупациите на Владата во делот на креирањето на сите економски политики во следниот перирод, заради обидот да ги максимализираме сите ефекти за рестарт, односно за еконоски раст и развој, што верувам ќе биде пример во следните четири години, истакна Заев одговарајќи на новинарски прашања на отворањето на новиот производствен капацитет на „НЈСК Холдинг“ во индустриската зона „Ќојлија“.

На вчерашната седница Владата го утврди новиот текст на Законот за изменување на Законот за поштенските услуги, што ќе биде доставен на усвојување до Собранието.

Во владиното соопштение од седницата се вели дека ги задолжи заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, министерот за економија и директорот на Национални пошти да иницираат поодготовка на физибилити студија за можностите за отпочнување на постапка за преземање на компанијата со јавно приватно партнерство или со приватизација за да продолжи процесот на либерализација на поштенските услуги во земјата согласно регулативата на ЕУ.