Македонија и Албанија блокирани, ЕУ „фрустрирана“


Висок дипломатски извор на ЕУ, кој ги брифираше дописниците во Брисел утрово, порача дека бугарската блокада поради билатерален спор со Северна Македонија ја фрустрира цела Европска унија, јави дописничката на МИА од Брисел. И покрај сите дипломатски обиди, Бугарија не попушта за непринципиелното вето што ѝ го поставува на Северна Македонија за билатерални спорови, поради […]

Министрите се собраа во ЕУ, виси прашањето за Македонија


Формално, прашањето за проширувањето не е на агендата. Во Софија се верува  дека Борисов е способен да го издржи притисокот на Германија и ЕУ околу ветото, но би попуштил само ако притиснат Американците   Состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ почна утрово во Брисел, но преговорите за Македонија денес формално не се на […]

Здравствените домови почнуваат со подготовки за процесот на вакцинација против Ковид-19


Повеќе клучни сегменти за процесот на вакцинација, чување и дистрибуција на вакцината против Ковид-19, начинот на нејзина апликација, процесот на вакцинирање и како тоа ќе се закажува преку системот „Мој термин“, им беа презентирани вчера на директорите на здравствените домови од цела држава на состанокот со министерот за здравство Венко Филипче. На директорите на здравствените […]

Брисел бара јасни одговори од Бугарија за медиумите, корупцијата и јавниот обвинител


Прашањето за сопственоста и слободата на медиумите во Бугарија е исто толку важно како и препораките во судството и јас ќе инсистирам на јасни одговори од бугарските власти, изјави за Бугарското национално радио еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс. На 10 декември се очекува да одржи виртуелна дебата со бугарскиот парламент за препораките во извештајот за […]

Заев: Очекувам исчекор од пријателска Бугарија, нема дилеми во употребата на придавката „македонски“


Договорот од Преспа прави јасна дистинкција кога се употребува придавката „македонски“, тоа е наша идентитетска придавка. Патот напред се решенија преку дебата и разговори. Реално очекувам пријателска Бугарија  да направи исчекор, изјави денеска премиерот Зоран Заев . -Придавката „македонски“ е употреблива насекаде во светот на сите меридијани низ светот. Тој е признаено. Тоа е идентитетска […]

Заев и Каракачанов се смирија, си закажаа кафе или ракија


По десетдневен молк бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов се приклучи на интервјуто на премиерот Зоран Заев за Канал 77, каде што остана на своите ставови што, како што нагласи, не ги сменил со децении, но со многу попомирлив тон. Интервјуто на некој начин навести дека престои пресврт во спорот меѓу Македонија и Бугарија и […]

(Видео) Историската комисија со нула резултат, се сопнале на „македонски“ и Цар Самоил


Голем дел од дводневната средба бил посветен на усвојување на записниците од две претходни средби кои останале непотпишани поради употребата на придавката „македонски“. Бугарските историчари инсистирале во учебниците Цар Самоил да се означува единствено како бугарски владетел   По дводневни дискусии, македонско-бугарската Комисија за историски прашања завршила со „нула резултат“, при што според изнесеното на […]

Филипче на состанок со Координативното тело за вакцини за Ковид-19, благ пад на новозаразените


Министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе има работен состанок со Координативното тело за вакцини за Ковид-19 преку КОВАКС механизмот, кој обезбедува глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини, потврдени и регулирани од Светската здравствена организација. На состанокот ќе се разгледува стратегијата за имунизација со вакцина за Ковид-19, како и за приемот и […]

Во Брисел се пука со сите оружја, Македонија одново жртва


Откако исчезна два месеца, а тоа јавно го забележа и „Политико“, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи конечно прозборе. Во Европскиот парламент тој побара Македонија да работи повеќе „за да излезе во пресрет на бугарската загриженост и за да се обиде да дојде до решение кое е целосно прифатливо за двете страни“. Во Македонија тоа се […]

Новозаразени 1.342, а починаа 22 пациенти – оздравени се 679


Во последните 24 часа направени се 3.399 тестирања, а регистрирани се 1.342 нови случаи на Ковид-19. Според градови:   – Скопје 479 – Куманово 52 – Дебар 20 – Штип 45 – Прилеп 84 – Тетово 58 – Струга 52 – Велес 59 – Битола 83 – Охрид 49 – Кавадарци 42 – Гостивар 63 […]

Зошто молчи Захариева?


Во пресрет на новата средба на Историската комисија, која се претвори во тоа што се очекуваше – алатка на политиката, паѓа во очи дека тие што ја испровоцираа целата оваа мизерија во односите меѓу Бугарија и Македонија, одеднаш замолчеа   Слободанка Јовановска Зошто се сокри Екатерина Захариева, каде го снема Красимир Каракачанов, дали се менуваат […]

Здравствениот систем се подготовува за вакцинација против КОВИД-19, првите вакцини за лекарите, војската, полицијата и хронично болните


Бројот на заболени од Ковид-19 минатата недела е намален за 9,9 отсто, а се зголеми бројот на оздравените. Надлежните сметаат дека состојбата е под контрола, а здравствениот систем веќе почна со подготовките за вакцинација против Ковид-19. Први што ќе се вакцинираат се здравствените работници, вработените во војската, полицијата и хронично болните. Вакцинирањето, како што најави […]

Од Ковид-19 починаа 33 пациенти, новозаразени се 946


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-426, Куманово-36, Дебар-2, Штип-22, Прилеп-56, Тетово-46, Струга-24, Велес-30, Битола-61, Охрид-31, Кавадарци-24, Гостивар-46, Гевгелија-12, Струмица-15, Крива Паланка-5, Радовиш-2, Крушево-4, Кочани-3, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-24, Валандово-2, Виница-1, Делчево-11, Кратово-2, Свети Николе-5, Кичево-13, […]

Барањата на Бугарија ги блокираа заклучоците на ЕУ за цел Западен Балкан


Освен блокадата за преговорите помеѓу ЕУ и Северна Македонија, Бугарија бара уште еден пасус поврзан за историјата кој земјите членки на ЕУ не можат да го прифатат. Поради ова виси во воздух усвојувањето на заклучоците за сите земји од западен Балкан, јави дописничката на МИА од Брисел. Според дипломатите со кои разговараше МИА во Брисел, […]

Владата бара кризна состојба до јуни, намален притисокот врз болниците, но здравствените власти внимателни


Продолжување на рокот за кризна состојба до 30 јуни 2021 година бара Владата од Собранието. Одлуката ја донесе вчера на седница врз основа на предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи. Земјава и сега се наоѓа во 30-дневна кризна состојба која треба да заврши на 19 декември.   […]

Се уште постои оптимизам за прва меѓувладина конференција, на една седмица до состанокот на Советот на ЕУ


Се уште постои оптимизам кај македонски официјални претставници, на една седмица до одржувањето на состанокот на Советот на ЕУ за можноста да се даде зелено светло за преговарачката рамка за Северна Македонија, со што би се отворил патот за одржување на првата меѓувладина конференција до крајот на годината, за време на германското претседателство со Унијата. […]

Од корона вирус почина Енвер Малиќи, заменик-градоначалникот на Скопје


Енвер Малиќи, заменикот градоначалник на Град Скопје, починал денеска во болницата „Систина“, откако беше хоспитализиран поради низа здравствени проблеми, а беше заразен и од коронавирусот. Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, го назначи Енвер Малиќи за негов заменик пред три години, во 2017 година. Малиќи на последните локални избори беше избран како советник на Град Скопје […]

Меркел: Се бориме за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија


Се соочуваме со потешкотии за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел. Според неа, се уште има шанси тоа да се случи   Северна Македонија се уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското претседавање со ЕУ, изјави канцеларката Ангела Меркел […]

Речиси двојно поголем број оздравени пациенти од новодијагностицирани со Ковид-19, но се уште висок бројот на починати


Речиси двојно поголем број оздравени пациенти – 544 од новодијагностицирани – 336 (од вкупно направени 1.181 тестирање) се евидентирани во извештајот за состојбата со Ковид-19 на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Но, и натаму е висок бројот на починати пациенти, кој изнесува 32. Според министерот за здравство Венко Филипче, мерките кои Комисијата за […]

Починаа 32 лица, позитивни 336


  Точно една минута пред полноќ (прилично невообичаено за досегашната практика) Министерството за здравство ги објави податоците за состојбата со пандемијата на Ковид-19 во последните 24 часа. Бројката на починати и натаму е голема – 32 лица. Направени се 1.181 тестирања и позитивен наод имаат 336 лица, што изнесува 28 отсто и тоа е прв […]