Брисел бара јасни одговори од Бугарија за медиумите, корупцијата и јавниот обвинител


Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс

Прашањето за сопственоста и слободата на медиумите во Бугарија е исто толку важно како и препораките во судството и јас ќе инсистирам на јасни одговори од бугарските власти, изјави за Бугарското национално радио еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс.

На 10 декември се очекува да одржи виртуелна дебата со бугарскиот парламент за препораките во извештајот за Бугарија за новиот хоризонтален механизам за владеење на правото.

Во интервјуто за БНР, комесарот Рејндерс рече дека би сакал да знае како во владиниот акциски план се споведуваат реформите за кои се дадени препораки.

„Едно е да се има план за акција, сосема друго – да се види дека реформите се всушност активирани. Да дадем конкретен пример – од многу земји-членки има забелешки за функцијата на главниот обвинител. Јано е дека во Бугарија сакаме да видиме дека се завршени одредбите за неговата отчетност“, рече тој.

„Ние би сакале во одговорите што ќе ни бидат дадени да има поголемо внимание за напредокот за поголема транспарентност на сопственоста на медиумите, како што е наведено во акцискиот план од областа на правдата“, додаде тој. .

Комесарот за правда исто така појасни дека ќе се водат разговори за борба против корупцијата и протестите во Бугарија.

„Не е доволно да се има правна рамка што објаснува како ќе се спроведе борбата против корупцијата и законодавството што предвидува тела на кои тоа им е доверено. Неопходно е да се провери дали има истраги во пракса и, доколку е потребно, судски постапки, прогон“, рече Рејндерс. Според него најсилата забелешка е како да се засили транспарентноста на сопственоста на медиумите.