Шансите за почетокот на преговори годинава се минимални


БРИСЕЛ – Повеќе високи дипломати од земји членки на ЕУ за МИА потврдија дека Северна Македонија речиси сигурно ќе биде блокирана од страна на Бугарија на следниот министерски совет на Унијата, на кој требаше конечно да биде усвоена преговарачката рамка. Амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Брисел се состанаа денеска да ги разгледуваат заклучоците што […]

Амбасадорите на ЕУ денеска ги разгледуваат нацрт-заклучоците за проширувањето


Дипломатите во Брисел јавуваат дека денеска амбасадорите на земјите-членки на ЕУ ја разгледуваат драфт верзијата за проширувањето за која треба да разговараат министрите за надворешни и европски работи идната недела. Според пишувањето на „Политико“ амбасадорите чекаат да видат дали Бугарија ќе ја преиспита одлуката за „целосно самоизолирање“, како што објаснил еден дипломат за брислескиот весник. […]

Мата Хари, Шехерезада и Борисов


Бојко Борисов – жртва на љубовта. „Шерше ла фам“(Си бара жена). Западна Европа осамна во неделата со романтичната приказна за бугарскиот премиер. Досега тој беше познат во развиениот свет како генерал, врвен полицаец, ловец на дрога, растурач на печатници за фалсификувани пари, најдобар пријател на Германија, спасител на Европа од бегалци, „брадр Бојко“ . Сето […]

Филипче: Состојбата со корона вирусот се влошува од домашните прослави


Министерството за здравство апелира до граѓаните во периодот на слави кој престои максимално да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита. Министерот за здравство д-р Венко Филипче вчера за време на посетата во Прилеп, предупреди дека домашните прослави и групирања беа главна причина за време на првиот бран да се влоши епидемиолошката состојба […]

Борисов: Не сакам веќе да видам жена


Бојко Борисов, премиерот на Бугарија, во денешното интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ вели дека „црниот пазар за компромитирање “ и неговите противниците го наместиле пред изборите со фамозната фотографија на која спие покрај пиштол и куп пари, а за која беше објавено дека ја направила жена која спиела со него. „Сликите од мојата спална соба […]

Задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, останува можноста жените да се пензионираат со навршени 62 години


Измените на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, поднесени од група пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање. Исклучоци во јавниот сектор ќе има за дефицитарни кадри од областа на здравството и во високото образование, но тоа ќе биде регулирано со други закони. Бизнисот бара […]

Продолжуваат разговорите со Бугарија, македонскиот јазик и идентитет се црвените линии


Разговорите за надминување на несогласувањата со Бугарија продолжуваат деновиве на ниво на работни групи, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји, а македонскиот јазик и македонскиот идентитет се црвените линии во преговорите со Бугарија, кои повеќе пати изминатите денови ги потенцира државниот врв, а вчера ги повтори министерката за одбрана Радмила Шекеринска. За […]

Досегашните мерки даваат резултат, нема потреба од нови рестрикции


Вкупно 1248 пациенти со Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава и слободни кревети има. Сите одделенија на клиничките болници располагаат и со болнички места до кои има довод на кислород. Засега не се размислува за нови рестрикции, бидејќи вака димензионираните мерки постепено ја олабавуваат ситуацијата. Според здравствените […]

Скопјанец на возраст од 31 година жртва на Ковид 19


Пациент од Скопје на возраст од 31 година е најмладиот кој во последниве 24 часа ја изгуби битката со новиот коронавирус. Како што информираше Министерството за здравство, во изминатото деноноќие починаа вкупно 41 пациент со компликации од ковид-19. Од нив 17 се од Скопје и тие се на возраст од 31 до 98 години.Животот го […]

Филипче: Во Прилеп нема потреба од нови мерки, ќе помагаат матичните лекари


Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска беше во посета на Прилеп, каде со градоначалникот Илија Јованоски разговараа за актуелната епидемиолошка состојба во градот. Посетата следи по интензивните разговор кои министерот изминативе денови ги водеше со директорите на здравствените институции во Прилеп, како и првиот човек на општината. Прилеп е во третина од градовите во […]

Тетово, Куманово и Кавадарци во „црвено“ со загадувањето, Владата препорача мерки


Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на  воздухот, прагот на алармирање за PM10  загадувачки супстанции  е надминат на мерните места во Тетово, Куманово и Кавадарци. Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна […]

Македонскиот јазик и идентитет се неспорни, можен патоказ кон Договорот со Бугарија, но не како дел од преговарачката рамка


Македонскиот јазик и идентитет не се предмет на преговори, потенцираа вчера високи претставници на Владата и напоменаа дека темната страна на историјата треба да остане зад нас, а решенијата со Бугарија да се бараат преку взаемно почитување и простување. Темел за решавање на спорот е Договорот за добрососедство, постои можност кон него да се додаде […]

Се отвора ли можност политички монтираните случаи да ја добијат правдата


Сите политички монтирани случаи каде е повредено начелото на презумција на невиност, користен заштитен (лажен) сведок, злоупотреба на системите за прислушкување и системот за распределба на судските предмети би можеле повторно да се најдат пред Суд, каде ќе бидат преиспитани сите докази, со можност да се презентираат и нови факти. Законското решение за преиспитување на […]

Бројките на новозаразени се стабилизираат, мерките се ефикасни ако се почитуваат


Мерките за заштита од вирусот даваат резултати и доколку се почитуваат, дополнителни не се потребни, рече министерот за здравство Венко Филипче. Тој вчера соопшти дека врвот на епидемијата е достигнат пред една недела и од тогаш бројките се стабилизирани. Групирањето во домашни услови останува ризик, рече, укажувајќи дека огромен дел од ефикасноста на мерките зависи […]

Фељтон: Бугарија во Втората светска војна


Многу вистини, полувистини, лаги, гнев, па и омраза, дотекоа од Бугарија и Македонија последниве два месеци откако стана јасно дека официјалните власти во Софија ќе го блокираат утврдувањето на преговарачката рамка за нашата земја во ЕУ и со тоа ефективно ќе го попречат почнувањето на преговорите. Целата оваа врева дополнително ја засили лавината реакции по […]

Македонскиот јазик и идентитет не се на масата за преговори, Берлин останува оптимист за првата меѓувладина до крајот на годината


Нашата државност почива на темелите на антифашизмот, но неприфатливо е давање етнички карактеристики на фашизмот,  изјави вчера премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, осврнувајќи се на ставовите што ги искажа во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС, а кои предизвикаа реакции во јавноста. Заев вчера одговараше на новинарски прашања по реакциите кои ги предизвика неговото […]

Прилеп бара дополнителни рестриктивни мерки, Гостивар во дилема


Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски и Општинскиот кризен штаб од Главниот кризен штаб бараат заострување на мерките и воведување дополнителни рестриктивни мерки за заштита од пандемијата со Ковид-19, кои ќе се однесуваат на целата територија на општината заради крајно влошената и загрижувачка ситуација. Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, пак, има дилема околу воведувањето  карантин, бидејќи цени дека […]

Скопје со повеќе од 10.000, Прилеп прв град со над 1.000 болни од Ковид-19


Скопје има 10.039 заболени од Ковид-19, а Прилеп е првиот град кој ја надмина границата од 1.000 заболени. Денеска има 1.040 активно заболени од корона вирус. Според епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: • Скопје 25.706, активни 10.039 • Куманово 3.599, активни 940 • Дебар 440, активни 84 • Штип 2.553, активни […]

Бранко Црвенковски бара СДСМ да се огради од Заев за ставовите во интервјуто


Во еден драматичен отклон од својот наследник во партијата, Бранко Црвенковски денеска со јавно обраќање до членовите на СДСМ побара од нив да се оградат од ставовите на Зоран Заев изнесени во интервјуто за бугарскиот медиум, затоа што тие ќе предизвикале „тешки и долгорочни последици за македонскиот народ  и македонската држава“. Тој, исто така, објави […]

Заев жали за негативните реакции на интервјуто


„Дозволете најпрво да изразам жалење што моето интервју за бугарскиот медиум предизвика толку силни негативни емоции, за кои сум целосно свесен и кои ги знам и разбирам до детаљ. Но, во исто време имам обврска кон македонските граѓани да поттикнам придвижување кон решение на прашањата што се отворија со Република Бугарија и што станаа пречка […]