Од корона вирус почина Енвер Малиќи, заменик-градоначалникот на Скопје


Енвер Малиќи, заменикот градоначалник на Град Скопје, починал денеска во болницата „Систина“, откако беше хоспитализиран поради низа здравствени проблеми, а беше заразен и од коронавирусот.

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, го назначи Енвер Малиќи за негов заменик пред три години, во 2017 година.

Малиќи на последните локални избори беше избран како советник на Град Скопје од листата на ДУИ. Тој беше управител на компанијата „Гемак трејд“ и сопственик на хотелот „Парк спа“ на кејот на Вардар во Скопје.

– Некогаш зборовите не можат да ги искажат чуствата кои што ги имаме кон блиските во нашите животи. Секогаш ведар, секогаш насмеан, секогаш со млад дух.
Денес загубив добар пријател!
Почивај во мир Енвер, пријателе мој! – напиша градоначакникот на Скопје, Петре Шилегов на социјалните мрежи.