Заев: Очекувам исчекор од пријателска Бугарија, нема дилеми во употребата на придавката „македонски“

Договорот од Преспа прави јасна дистинкција кога се употребува придавката „македонски“, тоа е наша идентитетска придавка. Патот напред се решенија преку дебата и разговори. Реално очекувам пријателска Бугарија  да направи исчекор, изјави денеска премиерот Зоран Заев .

-Придавката „македонски“ е употреблива насекаде во светот на сите меридијани низ светот. Тој е признаено. Тоа е идентитетска наша придавка. Нормално законот за ратификација на Преспанскиот договор прави јасна дистинкција кога зборуваме за Владата на РСМ, за МЗ  на РСМ  и таа дикстинција е јасна. Но, кога зборуваме за македонската историја, кога зборуваме за македонската политика за  македонскиот исток како што е Штип, кога  зборуваме за македонскиот народ, кога зборуваме за македонско, Македонец, македонска, македонско или слично секако придавката е идентитетска и таа е јасно дефинирана. Така што, во овој дел  апсолутно нема никакви дилеми, рече премиерот Заев при денешната посета на Штип во одговор на новинарско прашање какви ќе бидат наредните чекори по неуспехот на Заедничката историска комисија да постигне каков било напредок на дводневната онлајн-средба што заврши вчера.

Комисијата, додаде, жалам  што не  направи некој посериозен исчекор.

-Не е лесно и за политичарите, ни за експертите во очи на одлуката на ЕУ на видео – онлајн конференција која се снима, веројатно се немало доволно храброст, инветнивност или снаодливост од двете страни за  да се направат исчекорите, потенцира Заев.

Според него, решенијата со записник се потврдени од двете страни и за цар Самоил и за Кирил и Методиј и за Климент и Наум, употребата од двете страни во учебниците треба да биде во духот на тоа пријателство низ кое што е најдено.

-Дебата која што ја имале и дали е доволно тие  25 реченици да бидат во самите учебници или треба да  се зборува и дополнително за цар Самоил или за другите историски ликови за коишто немат резерва,  ниту, пак, нешто против ниту македонската ниту бугарската страна е тоа коешто е причината за  неизнаоѓање решение. Јас верувам дека патот е тој, друг пат нема. Треба да продлжиме да разговараме, треба да направиме се што постои од наша страна, да оставиме можност дури и да се одложи ова прашање за следната година. Бугарија имаше разбирање кога беа изборите. Дај боже да се реши сега, ако се реши сега ќе им помогнеме на граѓаните,  ќе им помогнеме на двете држави, посочи Заев.

Тој е оптимист дека Бугарија ќе направи позитивен исчекор во однос на нашите евроинтеграции иако земјата ја очекуваат избори, во март следната година.

-Јас реално очекувам пријателска Бугарија да направи исчекор. Иако е реално, знаат и самите, знаеме и ние дека секогаш на секое поглавје може да биде застанат процесот за сите земји, па така и за СМ.  Имајќи го тоа предвид имаме акциони планови, имаме наративи, меморандуми како да ги забрзаме процесите на градењето на уште поголемо пријателство помеѓу Македонците и Бугарите, но и сите граѓани во РСМ. Верувам дека можеме да успееме на тој пат. Во најмала рака, како што реков на 11 окотмври, и неколкупати предупредив знаејќи ја суштината на разговорите, нема да не изненади, треба да бидеме подготвени дека ќе се одложи ова прашање. Бугарија имаше разбирање кога беа изборите во РСМ, има избори во Бугарија. Не велам дека тоа е причината, но не е исто кога сте пред избори и кога не сте пред избори, потенцира Заев.

Дециден е дека има голем потенцијал за унапредување на соработката како помеѓу две соседни и пријателски земји.

-Треба да дадеме шанса заради тоа што сме соседи, заради тоа што сме пријатели има огромни потенцијали на унапредување на соработката од двете страни. Со тоа уште еднаш треба да знаат сите  дека македонскиот јазик,  македонскиот народ,  македонската национална посебност ниту е тема за разговор, ниту е на маса за разговор, ниту, пак, некој разговара за него. Во делот на историјата работа е на експертите и  професионалците.  Ќе изнајдат решение. Треба да ги цитираме документите коишто постојат. Низ тие документи да гледаме низ позитивниот аспект на пријателството, а не низ негативен дел којшто не разделува. Тоа е европсакта иднина, тоа се европските зборови со коишто треба да зборуваме и тоа е начинот на градење на пријателство, рече премиерот Зоран Заев.