Каспаров: Трамп се преправа дека „се фрустрира од Путин“


Нема да се сретне, па ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин – ако не седи на маса и украинаскиот претседател Володомир Зеленски.  Шпанскат серија наречена преговори за мир во Украина продолжува, а никој не верува во успех, освен ако Трамп не ги „предаде“ интересите на Киев, т.е. направи остапки кон Русија. И самиот факт дека го легитимира и му нуди мир место судење за воени злосторства разгневи многумина заинтересирани за ситуацијата. 

„Руската економија се урива, украинските напади ја парализираат нејзината енергетика и само ќе се прошируваат, а сè што му преостанува на Владимир Путин се терористички напади врз цивили. Што да се прави? Повикајте го Трамп да помогне! Укинете ги санкциите, запрете ги нападите од Украина, маргинализирајте ја Европа, убијте повеќе невини луѓе.

Ако сенаторот Греам има барем малку пристојност, ќе се скрие во темен агол и никогаш повеќе нема да проговори. Рубио е католик кој верува во Рајот и Пеколот, но? Единственото прашање што останува е цената. Колку плаќа Путин за САД да ги предадат своите сојузници, своите вредности и сопствената безбедност?

Не ги заборавајте „Фокс њуз“ и останатите медиуми-подлизурковци на MAGA. Дајте еден пример за нешто што Трамп некогаш го направил што директно му наштетило на Путин. Единствената измама е преправањето на Трамп дека се грижи за Украина и месеците приказни како „се фрустрира од Путин“.

Ако Трамп успее во ова, Европа официјално ќе стане шега. Путин и Трамп треба да се сретнат во Пекинг, играјќи ја својата игра против Украина со карти подготвени од Кина. ЕУ се фали со својата огромна популација и економија и гледа од страна како нејзината безбедност се купува и продава…Секој таканаречен мировен договор склучен меѓу Путин и Трамп ќе биде само краток тајмаут пред продолжувањето на поголемата војна на Путин против Западот. Тој ќе ги прошири своите корупциски и пропагандни кампањи, додека се вооружува за следната фаза на инвазија.

Напуштањето на сојузниците од страна на САД и рехабилитацијата на рускиот воен злосторник-окупатор на сметка на Украина, исто така, ќе потврди дека поседувањето сопствено нуклеарно оружје е единствената сигурна одбрана. Украина и другите европски земји ќе дејствуваат за да се здобијат со тоа, како и Јапонија, Јужна Кореја и други земји#, напиша Каспаров. 

Поранешниот украински амбасадор во САД, Валериј Чали, смета дека согласноста на Русија за преговори е oперација за купување време и избегнување санкции. Чали нагласува дека меморандумот за прекин на огнот на Русија е одамна објавен, а позициите на Кремљ остануваат во голема мера непроменети.