Канадскиот премиер Карни разговараше со Трамп

Канадскиот премиер и лидер на Либералната партија на Канада, која победи на парламентарните избори во понеделник, Марк Карни, разговараше вчера со американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти канцеларијата на Карни.
Беше објавено дека Трамп му честитал на Карни за неговата изборна победа.
-Лидерите се согласија дека е важно Канада и САД да работат заедно – како независни, суверени нации – за општото добро. За таа цел, лидерите се согласија да се сретнат лично во блиска иднина, се вели во соопштението од канцеларијата на Карни.
Откако беа пребројани речиси сите гласови од изборите во понеделникот, канадската национална телевизија Си-Би-Си објави дека Либералната партија ќе остане без мнозинство во парламентот.