Како Советите си заминуваа од Авганистан (Галерија)
Во 1989 година Советскиот сојуз ги извлече своите последни трупи од Авганистан, завршувајќи речиси години директно инволвирање и окупација. СССР влезе во соседен Авганистан во 1979 година, обидувајќи се да го поддржи нововоспоставениот просоветски режим во Кабул. За многу кратко време 100.000 советски војници ја презедоа контролата над поголемите градови и патиштата. Бунтот дојде брзо и беше широк, а Советите се однесуваа жестоко со бунтовниците муџахедини и со оние што ги поддржуваа, срамнувајќи цели села за да му оневозможат безбедносни засолништа на нивниот непријател. Странската поддршка поттикна разновидната група бунтовници, кои доаѓаа од Иран, Пакистан, Кина и САД.
Во бруталниот деветгодишен конфликт, загинаа околу еден милион цивили, како и 90.000 борци муџахедини, 18.000 авганистански војници и 14.500 советски војници. Граѓанската војна беснееше по повлекувањето, поставувајќи го теренот за преземање на земјата од страна на талибанците во 1996 година. Американските, британските и другите војници на НАТО забрзано си заминуваат по речиси 20-годишен ангажман.
Во исто време Иран, Турција, Пакистан и Русија се пбидуваат да го пополнат воениот и дипломатскиот вакуум што се отвори во Авганистан како резултат на заминувањето на американските сили и воениот напредок од талибанците.
Во Техеран, иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, се состана со талибанските преговарачи за да разговараат за нивните намери кон земјата и обезбеди заедничка изјава во која се вели дека талибанците не поддржуваат напади врз цивили, училишта, џамии и болници и сакаат да се постигне спогодбено решение за иднината на Авганистан.
Проценките велат дека дури еден милион Авганистанци ќе ја преминат границата за да ги избегнат борбите или талибанското владеење. Околу 700 километри од границата со Авганистан, сега во рацете на талибанците. Се проценува дека Иран веќе е домаќин на 780.000 регистрирани авганистански бегалци и дека во Иран живеат помеѓу 2,1 и 2,5 милиони Авганистанци без документи.





