Како скијањето ја подели Унијата повеќе од короната


Германија, Франција и Италија инсистираат скијачките центири да не бидат отворени за време на Божик и новогодишните празници; против се Австрија, Словенија, Бугарија и Швајцарија.

Инсистирањето на германската канцеларка Ангела Меркел до 10 јануари сите скијачки центри во Европска Унија да бидат затворени за успешно да се запре ширењето на пандемијата со коронавирусот предизвика жолчен европски спор и поделби, кој се прелеа и во коментари во медиумите во германското говорно подрачје. Од една страна Германија,Франција и Италија инсоистираат скијачките центри да не бидат отворени во текот на божиќните и новогодишните празници. На тоа се спротивставуваат Австрија, Словенија, Бугарија, како и Швајцарија, која не е членка на ЕУ.

Германците, пред се се плашат да не им се случи истото сценарио од првиот бран на пандемијата, кога за ширење на вирусот во земјата значително придонесоа германските туристи,кои се вратија од австрискиот скијачки центар Ишгл.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека скијањето претставува „национален идентитет“ на неговата земја и оти ќе има зимски одмори, но без забави на скијачите. И швајцарските претставници истакнуваат дека ќе „може скијање, но со заштита“ во Швајцарија.

Меркел, пак, не се откажува од обидот на ниво на ЕУ да се постигне договор за затворање на скијачките центри. Истото го заговара и баварскиот премире Маркус Содер, укажувајќи дека актуелната стапка на инфекција значи дека „ние едноставно не можеме да имаме класични скијачки одмори… Се залагам за заеднички одговор на европско ниво: без отворање на ски-лифтовите, без (скијачки) одмори каде било“, изјави премиерот на Баварија, на чија територија се најпознатите германски алпски скијачки центри.

За мнозинството Германци ваквата идеја е разумна. Според репрезентативната анкета, изработена за весникот „Аугсбургер алгемајне“ 74 отсто од испитаниците се изјасниле дека затворање на скијалиштата во време на падндемија е исправна одлука.

Австриските министри се загрижени за финасиските загуби

Од другата страна на границата, во Австија, оценуваат дека затворањето на скијачките центри за време на Божик и новогодишните празници би претставувало огромна финансиска загуба за поединечни региони.

„Одлуката дали и кога ќе бидат отворени скијачките центри би требало да биде донесена од поединечни земји, изјави австриската министерка за туризам Елизабет Коестингер за германската медиумска мрежа РНД. „Слично на тоа, ние нема да и кажуваме на Франција кога повторно да го отвори Лувр“.

Не е некоја тајна дека Австрија со одбивањето на предлогот на Меркел сака да го спаси својот зимски туризам, кој во сезона бележи околу 72 милиони ноќевања и приход од речсии 15 милијарди евра. Поради тоа официјална Виена изнесе компромисен предлог односно побара да добие две милијарди евра финансиска компензација ако Европска комисија нареди затворање на сите скијачки центри во Унијата. Всушност, австрискиот предлог повеќе е во форма на условување, бидејќи австрискиот министер за финансии истакна дека „ако Унијата навистина сака затворање, мора да плати за тоа“.

За разлика од Швајцарија, која ги отвори своите скијачки центри за туристите, Австрија најави дека скијалиштата најверојатно ќе ги отвори од 24 декември, но само за локалните жители, а и понатаму нема да биде возможно да се изнајми хотелски или некое друго сместување.

Италија, пак, поддржува затворање од 10 јануари, и покрај тоа, како што пренесуваат германските медиуми, од зимскиот туризам годишно има10,4 милијарди ерва, а според проекциите оваа сезона ќе загиби 70 отсто од парите, бидејќи скијалиштата ќе се отворат дури во средината на јануари.

Недостиг на европска солидарност

Минхенскиот дневен весник „Суеддојч цајтунг“ укажува дека Австрија ќе биде и неодговорна и ќе покаже недостиг на солидарност доколку одбие да прифати паневропски скијачки локдаун до јануари. Според оценката на весникот, тоа е неодговорно бидејќи се уште немаме сигурно знаење за тоа колкав е ризикот од зараза во скијачките центри во врвот на сезоната.

„Дури, одбивањето на помош во изнаоѓање на решение за скијачките центри на ниво на цела Унија покажува недостиг на солидарност, што во оваа криза се очекува од секоја компанија и секоја дестинација помеѓу Венеција и Северно Море. Но, дали сега треба да се поштеди скијачката индустрија, што практично е света во многу делови на Алпите, прашува „Суеддојч цајтунг“ и додава дека изгледа оти „Виена попушта пред интересите на секторот за скијачкиот туризам“.

Од друга страна, виенскиот дневен весник „Стандард“ истакнува дека Германците прво би требало дома да ја стават под контрола пандемијата, пред да ги критикуваат другите за мерките. Коментаторката на весникот укажува дека Австрија повторно размислува за ублажување на ограничувањата, а Германците мора да ги продолжат и заострат мерките бидејќи (епидемиолошката) крива не оди надолу.

– Сега Содер и Меркел, двајцата кои припаѓаат на тврдата фракција, ја прикажуваат австриската желба за нормални скијачки одмори како апсурдна и опасна. Од една страна, тоа е разбирливо. „Рефлексот Ишгл“ е длабоко вкоренет во Германија. Таму Ишгл значи неупспех, пијанки во вилите без размислување што носи утре“, пишува виенскиот дневен весник и додава дека „ако Германците сега сакаат да го притиснат Брисел во насока на европско затворање на скијачките центри, се наметнува впечатокот дека некој се обидува да го сврти вниманието од сопствените проблеми.

И швајцарските медиуми на германски јазик се спротивставуваат на исто решение за сите европски земји. Коментаторот на весникот „Тагес анцигер“ оценува дека Џузепе Конте, Емануел Макрон и Ангела Меркел грешат што дозволуваат да ги води нивниот централистички инстикт на страв.

„Прекуграничното заклучување на скијалиштата би имало и предност поради тоа што би било униформно, наместо пандемиската „закрпа“ за која многу е ламентирано. Но, тоа не би било сфатливо, посебно не на тие места каде стапката на зараза е мала, а мерките, кои обезбедуваат скијање без опасност од Ковид-19 се ригорозни, истакнува „Тагес анцигер“ и додава дека владите со свои правила за карантинот имаат контрола над тоа кој оди на одмор и каде. „Но, секој кој има можност да биде на сонце и на воздух на планина по деветмесечното заклучуање ќе биде благодарен. И својата благодарност да ја изрази со внимателно почитување на ковид правилата“.

За ширењето на вирусот виновен е „некој друг“ – Австријците, Балканците…

Дека овој политички-медиумски судир би можел да ескалира во следните денови сведочи тоа колку германските корисници на социјалните мрежи на своите профили поделија и коментираа фотографии од еден швајцарски скијачки центар на кои се гледа гужва пред ски-лифтовите, при што не се држи физичкадистанца. Да работата биде полоша, во прашање е скијачки центар во швајцарскиот регион, кој во моментот е најпогоден од инфекцијата со коронавирусот.

Во полемиката на Твитер и на Фејсбук голем број корисници во своите коментари ги означија профилите на германските водечки политичари, повикувајќи ги да реагираат и да не дозволат повратниците од скијачките центри да придонесат за ново ширење на инфекцијата. Но, и пред тоа политичкиот судир за зимскиот туризам се пренесе на теренот на обвинувања кој е виновен за ширење на пандемијата т.е. кој ја „донел и раширил“ инфекцијата. Во изјавите на поединечни политичари често помеѓу редови се наѕира пораката дека за ширењето на вирусот е виновен „некој друг“.

Во изјавите на баварскиот премиер би можело да се види обвинување на Австријците, бидејќи често се истакнуваше случајот на зараза на германските туристи во Ишгл. Од друга стана, за поголемиот број новоинфицирани австрискиот премиер ги обвинува балканските земји и тоа Австријците со мигрантско потекло, кои патувале на Балканот и во Турција. Во разговор за „Билд“, Себастијан Курц изјави дека алпската република „увезла“ една третина од инфекцијата во текот на летото преку патниците кои се враќале во Авцстрија, посебно од Балканот.

„Тоа е едноставно факт. Тоа не е префлање на вината, туку едноставно реалност, рече Курц, најавувајќи десетдневен карантин за сите кои за празниците патуваа во ризични подрачја.

Неговиот избор на зборови беше критикуван, не само од опозицијата и на социјалните мрежи, туку и од коалицискиот партнер на Курц. Лидерот на Зелените, Вернер Коглер изјави дека начинот на кој канцеларот комуницираше за оваа прашање е „еднострано и несензитивно“, укажувајќи дека тоа повредило големброј луѓе, „кои со месеци во целост се посветени на својата работа во домовите за стари лица, во болниците, вклучително и во единиците за интензивна нега, како и во други важни места“.

Поделба на вакцинирани и невакцинирани

Германските медиуми забележуваат, од друга страна, дека расправата за туризмот, но и стратегијата за вакцинирање против Ковид-19, довела до тоа да се спомнува можноста вакцинираните лица да имаат одредени предности за патување, за работно место или пристап до одредени работи. Всушност, коментаторите веќе предвидуваат како ќе се појават натписи „Само за вакцинирани“.

Економскиот дневен весник „Ханделсблат“ истакнува дека се што се прави во таа насока всушност е воведување на „задолжителното вакцинирање на мала врата“, што би довело до поделба во општеството, во кое луѓето, кои немаат никакво овластување, да носат произволни одлуки за тоа кој е безбеден за другите.

„Секоја транспортна компанија би можела кого сака да го одбие. Секоја канцеларија, кино или спортски објект би можеле да не дозволат пристап за кого сакаат, пазарот на трудот би бил поделен на вакцинирани и невакцинирани, истакнува „Ханделсблат“ и додава дека демократијата не смее да им дозволи на поединци или институции да одлучуваат за тоа кој е сигурен, а кој не е. (Ал Џазира)