Како престојот до вода влијае на намалувањето на напнатоста кај вашите деца

Училишните одговорности и брзината на секојдневниот живот често создаваат напнатост кај децата, а нивните умови можат природно да се смират со престој покрај водата.
Езерото, реките, морето и фонтаните делуваат како природен антистрес, бидејќи останувањето во „сини зони“, односно области со вода го намалуваат нивото на кортизол, хормоните на стрес додека ја подобруваат концентрацијата и емоционалната стабилност.
Децата кои поминуваат време покрај вода почесто покажуваат пониско ниво на вознемиреност затоа што водата има уникатен ритмички ефект врз мозокот. Звукот на брановите или жуборењето, доведува до синхронизирање на мозочните бранови и ги стимулира „алфа-состојбата“ што се јавуваат за време на медитацијата.
Овој ефект на „алфа-состојба“ ја подобрува креативноста и можноста за решавање на проблемите. Покрај тоа, визуелниот впечаток исто така игра важна улога.
Децата што гледаат природни водни површини развиваат побрзо закрепнување од стресот. Исто така, докажано е дека синилото го намалува пулсот и крвниот притисок, додека одразот на светлината на водата дополнително го смирува нервниот систем.