Како изгледа палатата „Версај“ на Орбан?


Палатата на Виктор Орбан, која наликува на комплесот Версај,  според унгарските медиуми вреди 30 милиони евра. Тој тврдеше дека тоа е само фарма на неговиот татко, која сè уште не е функционална, но енергетската дозвола пронајдена од опозицискиот пратеник Акос Хаџази покажува дека таа има резиденцијални функции.

Ова село во близина на Будимпешта е окупирано од придружбата на унгарскиот премиер. Неговиот татко, зет и пријател од детството се збогатија благодарение на договори финансирани од Европската Унија и поседуваат палати, терени за голф и раскошни вили тука.

Акос Хаџази, унгарски опозициски пратеник од почетокот ја следеше изградбата на комплексот. 

„Јас го нарекувам Пешта-Версај“, рече овој неуморен активист против корупцијата и независен опозициски политичар. Палатата е во стил на архитектурата од хабсбуршката ера, потсетувајќи на локацијата како поранешен земјоделски имот основан од австриски аристократ во времето на Австро-унгарската империја. Таа вклучува два базени, огромна подземна гаража, соларни панели, зграда за персоналот, па дури и резервоар со над 20.000 литри мазут за да трае во случај на општа криза.