Како да го сварите компирот побрзо, а да не се распадне?
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2023/02/vareni-kompiri.jpg)
Компирите се составен дел на многу јадења и сакаме да ги јадеме на секакви начини. Меѓутоа, понекогаш е потребно повеќе време за готвење, па често останува тврд или полошо, го преваруваме и почнува да се распаѓа.
За да избегнете такви ситуации, постои еден многу едноставен кулинарски трик. Кога ќе го испробате, направете медитеранска салата од компири, во чиј вкус ќе уживате.
Трикот е во оцетот! Тоа е состојката што треба да ја користите за да имате совршено сварени компири. Слободно користете јаболков, вински и или алкохолен оцет, нема да погрешите. Можете да го користите и за отстранување на непријатните мириси од готвењето.
Кога ќе ги подготвите компирите за варење во тенџере со вода, по 15 минути варење, истурете малку оцет во водата и продолжете со варење уште петнаесетина минути, додека компирот не биде совршено сварен. Можеби ќе сакате да направите и динстано место со компири кое лесно се подготвувва.