Кадиров нуди милион долари за Чеченците кои војуваат на страната на Украина
Чеченскиот лидер Рамазан Кадиров на всвојот Телеграм нагол објави дека нуди милион долари за информација за локацијата на „баталјонот на шеикот Мандуро и Дудаев“ – Чеченците кои отидоа да војуваат на страната на Украина.
Кадиров порано вети дека ќе се позанимава со лушето кои побегнаа од Чеченија, кои, нарекувајќи се себеси “баталјони на шеикот марусо и Дудаев“, ветија дека ќе ѝ помогнат на Украина во текот на инвазијата која ја почна Русија.
„Најавувам милион долари (постои филантроп кој е подготвен да донира) на секој кој ќе каже каде се наоѓаат таканаречените баталјони на шекот Мансуров и Дудаев… не смееме да ги пропуптиме, мораме да ги уништиме, или мора да клекнат и да замолат за простување од вашиот народ, од сите муслимани или да се упатот во купите“, рече Кадиров во аудри-порака.
Чеченскиот лидер од порано познат по свооте контроверзни ставови и изјави. Неодамна најави дека Мариупол ќе падне во рацете на Русија „до ручек“, што не се случи.
Исто така, од почетокот на преговорите меѓу Киев и Москва има негативен став и слободно иницира војна и страдања.
Во една од своите поранешни објави на Телеграм напиша: „Мое уверување е дека овие преговори нема да донесат ништо добро. По мое мислење, потребно е да се заврши она што го почнавме: да ги уништиме бандеровците, нацистите и шејтаните. Дури тогаш треба да се одлучи што понатаму“.