Јужна Кореја ќе ја почне вакцинацијата за една недела


Јужна Кореја ќе започне да ја администрира првата од 117.000 дози на вакцините против корона вирусот од „Фајзер“ на 27 февруари, еден ден откако земјата ќе ги започне своите први инокулации со вакцината на „АстраЗенека“, објави во неделата премиерот.

Ројтерс пренесува:

„Плановите предвидуваат околу 10 милиони луѓе со висок ризик, вклучително и здравствени работници и вработени и некои жители на установи за асистирана грижа и домови за стари лица, и тие да бидат инокулирани до јули.

Првите вакцини ‘АстраЗенека’ треба да се администрираат во петок, а дозите на ‘Фајзер’ ќе бидат распоредени следниот ден, рече премиерот Чунг Сје-кјун во изјавата што ја пренесува новинската агенција Јонхап.

Властите соопштија дека нема да користат да ја користат вакцината на ‘АстраЗенека’ кај луѓе на возраст од 65 години и постари додека не станат достапни повеќе податоци за ефикасноста, со што се менува претходната одлука.

Освен со „АстраЗенека“ и „Фајзер“, Јужна Кореја исто така постигна договори со „Модерна“, „Новавакс“, „Џонсон и Џонсон“ и глобалната шема за споделување вакцини Ковакс, за набавка на нивните вакцини.

Чунг минатата недела објави дека Јужна Кореја склучила дополнителни зделки со „Новавакс“ за доволно вакцини за покривање на 20 милиони луѓе и со „Фајзер“ за покривање на уште 3 милиони, со што вкупното снабдување е доволно за да покрие 79 милиони луѓе, иако Јужна Кореја има население од 52 милиони.

Владата вели дека нејзината цел е да го достигне имунитетот на стадо до ноември, иако водечките јужнокорејски медицински експерти рекоа дека распоредот е практично невозможно да се постигне.

Агенцијата за контрола и превенција на болести на Кореја објави уште 416 случаи на Ковид-19 од саботата на полноќ, со што вкупниот број достигна 86.992“.