Јуни рекордно жежок во Северна Америка, во Европа втор најтопол во историјата
Јуни 2021 година беше најтоплиот месец во Северна Америка, а ќе остане запамтен по рекордните жештини во канада, објави денеска европската служба за клима Коперникус, која во тоа гледа пример на глобалното затоплување.
Со оглед на топлинскиот бран на западот на Северна Америка, каде се соборени многу рекорди, „јуни беше најтопол јуни досега во Севрна Америка“, соопштија од Коперникус.
„Тие топлински бранови не се појавуваат од ништо“
Јуни 2021 година го надмина за 1,2 степени Целзиусови просекот за периодот од 1991 до 2020 година, односно за 0,15 степени во однос на претходниот најтопол јуни во тој регион, забележан во 2021 година, рече за АФП, Карло Бонтемпо, директор на Коперникус, поврзувајќи го тој рекорд со топлинскиот бран кој ја погоди канада и дел од САД.
„Тие топлински бранови не се појавуваат од ништо. Тие се случуваат во светската клима, која се затоплува, шти ги прави веројатни“, вели неговиот колега Жулиен Николас.
„Топлинските бранови кои ги видовме минатиот месец во Северна Америка, на западот на Русија и на северот на Сибир се само примери за тенденцијата која ќе продолжи и која е поврзана со глобалното затоплување“, додаде.
Канада неколкупати го собори својот рекорд
Канада, за време на топлинскиот бран, кој почна кон крајот на мај, неколкупати го собори својот апсолутен рекорд, кој на 30 јуни достигна 49,6 степени Целзиусови, колку што беа измерени во Литон. Таа мала населба 250 км североисточно од Ванкувер стана симбол на кризата: соборувајќи го историскиот рекорд, го проголта пожар.
„Тоа што се случи во Канада е голем скок во однос на претходниот рекорд… Може да се каже дека тие рекордни жештини се силен потсетник на влијанието кое климатските промени може да ги имаат врз нашите животи“, коментира Карло Бонтемпо.
Зголемување на бројот и интензивирање на топлинските бранови во светот се очигледни последици на загревање на планетата, предизвикано од човековата активност.
Јуни е втор најтопол месец во историјата на Европа
Светот веќе се загреа во просек 1,1 степен Целзиусов повеќе во однос на прединдустриската ера, штоп предизвикува екстремни временски услови, а Приската спогодба за климата има цел да го сопре загревањето на под 2 степени Целзиусови, ако е можно до 1,5 степени.
Во Европа, јуни 2021 година е вториот најтопол месец некогаш. по јуни 2019 година, според Коперникус, кој укажува на особено високи температури во Финска и на западот на Русија, како и на сибирскиот Арктик.
На светско ниво, јуни 2021 година го дели четвртото место по рекордни температури со јуни 2018 година, по јуни 2016, 2019 и 2020 година.