Израелската полиција ги забрани протестите против војната во Газа


Со месеци Израелците протестираат секоја сабота против судските реформи

Израелската полиција објави дека нема да одобри демонстрации против војната во Газа што требаше да се одржат во Хаифа во сабота навечер, на кои ќе учествуваат десетици организации.

Командантот на полициската крајбрежна област, генерал-мајор Даниел Леви, објасни дека одбивањето да се даде дозволата е поради „реална загриженост за сериозно нарушување на јавниот ред“. Според него, постои голема веројатност насилството да избие меѓу демонстрантите и луѓето кои се противат на демонстравиите.