Израелците спроведоа големо истражување на над 700.000 вакцинирани, резултатите фасцинантни
Во Израел спроеведено е истражување кое сугерира дека само 0,04 отсто од луѓето кои ги примиле двете дози од вакцината на „Фајзер/Бионтек“ заболеле од корона вирус. Околу 700.000 луѓе кои се вакцинирани во земјата за која се смета дека е светски првак во вакцинирање, само 300 подоцна заболеле од корона вирус, од кои 16 морало да бидат пренесени во болница, говорат прелиминарните податоци, пренесе Дејли меил.
Исто така, во истражувањето се наведува дека вакцината штити од позаразниот сој на вирусот, откриен во Велика Британија.
Професорот Ејал Лешем, израелски специјалист за заразни болести, рече дека тоа се многу добри вести.
По првата доза од вакцината бројот на новозаразени драстично се намали, а по примената втора доза, само 0,04 од вакцинираните заболеа.
– Времето ќе биде најдобар показател, но сè уште собираме податоци, а ова се многу охрабрувачки прелиминарни податоци – рече тој.
Повеќе од 30 отсто од израелската популација ја прими вакцината, а веќе се спроведени неколку истражувања за да се утврди нивната ефикасност.
– Од една страна, имаме голема трансмисија на болеста меѓу населението каде бележиме 1.000 нови случаи на зараза секој ден, најголема стапка од почетокот на епидемијата, но ако ја проучиме состојбата од блиску, стотици илјади вакцинирани Ираеелци нема да се заразат. Дури и во тие неколку случаи, заболените главно имаа поблаг облик на болеста, а само еден дел од нив сериозно заболеа и беа пратени во болница – додава тој.
Според него, повеќето Ираелци кои се вакцинирани се на возраст од над 60 години, поради што резултатите се уште поневеројатни.
Податоците од првите истражувања, исто така, сугерираат дека воочен е намален број на зарази кај луѓето кои ја примиле само првата доза од вакцината.
Израел на фармацевтскиот гигант „Фајзер“ на неделна основа му праќа извештаи за текот на вакцинирањето.