Израел прв во вакцинација, воведува и беџови
Светски првак во вакцинација е Израел, а сега воведува и контроверзен проект со ковид-беџови со кои ќе ги означува оние кои примиле вакцина, за на тој начин да им овозможи влегување во ресторани или на концерти.
Последните денови официјално се најавува распоред на излегување на Израел од третиот карантин од почетокот на пандемијата благодарение на интензивната кампања на имунизација која од земјата направи мала светска лабораторија.
Досега се вакцинирани четири милиони Израелци или 45 отсто од населението, од кои 2,6 милиони примија и втора доза, според последните податоци на министерството за здравство, што е најголема стапка на вакцинирање во светот.
Водечкиот државен фонд за здравствено осигурување спроведе истражувања на 1,2 милиони вакцинирани со „Фајзер/Бионтек“ вакцината, утврдуваќи 94 отсто ефикасност.
Со големата ефикасност и високиот процент вакцинирани се створија услови за властите потполно од недела да ги отворат теретаните, трговските центри, рестораните и кафулињата.
Се воведува систем на беџови
Но, тоа не се однесува на сите. Владата најави систем на беџови, виолетови за оние кои не се вакцинирани или примиле само една доза од вакцината и зелени за оние кои примиле и втора доза од вакцината или го преболеле Ковид-19.
Трговските центри, книжарниците, музеите, кафулињата и некои места за верски служби ќе бидат отворени и за „виолетовите“.
Теретаните, спортските и културните приредби и рестораните ќе бидат отворени само за оние со зелен беџ, односно со потврда дека примиле две дози од вакцината или го прележале Ковид-19.
„Продолжуваме со одговорни мерки од типот, ако сте вакцинирани може да влезете“, рече министерот за одбрана Бени Ганц.
Освен беџови Израелците кои примиле две дози вакцина може да добијат и зелен пасош, за враќање во земјата.
На почетокот на пандемијата разузнавачките служби корисеа антитерористички мерки за пронаоѓање на луѓето кои биле во контакт со Ковид-19, што покрена полемика и барања пратениците да ја сопрат иницијативата.
Сега владата ги поттикнува лушето на вакцинација, но мора да најде чувствителна рамнотежа меѓу јавното здравје и почитувањата на слободите на поединецот, истакна Хагаи Левине, професор и научник за јавно здравје на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим.
„Во Израел секој постар од 16 години може бесплатнод а се вакцинира и јас мислам дека мора да се вакцинираме. Но, лушето имаат право да не се вакцинираат ако не сакаат и владата никого не може да го присили“, додаде тој.