Израел нема веќе да дава визи за преставниците на ОН
Израел нема да им дава визи на претставниците на Обединетите нации, изјави израелскиот амбасадор во ОН, Гилад Ердан, како резултат на несогласувањето на земјата со меѓународната организација, која секојдневно се продлабочува.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш индиректно го критикуваше Израел дека наредил евакуација на цивили од северот кон југот на Појасот Газа. Тој исто така рече дека нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври не се случил „во вакуум“ бидејќи Палестинците биле „подложени на 56 години задушувачка окупација“.
Многу земји го поздравија „многу балансираниот пристап“ на Гутереш, но Израел беше „бесен“ и неговите претставници го повикаа шефот на ОН да поднесе оставка.
Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен, кој беше на дебатата, „беше толку вознемирен“што ја откажа средбата со генералниот секретар што требаше да се случи во вторник попладне“.
„Поради неговите забелешки [на Гутереш], ќе одбиеме да им издаваме визи на претставниците на ОН“, изјави Ердан. „Веќе одбивме виза за пот-генералниот секретар за хуманитарни прашања Мартин Грифитс. Дојде време да им се одржи лекција“. Ердан рече дека дека шефот на ОН „изразил разбирање за тероризмот и убиствата“ со овој говор.
Подоцна, Гутереш објави извадок од својот говор на X во очигледен обид да покаже дека ги критикувал и Хамас и Израел за кризата во Газа.
„Поплаките на палестинскиот народ не можат да ги оправдаат ужасните напади на Хамас. Тие ужасни напади не можат да го оправдаат колективното казнување на палестинскиот народ“, напиша тој.
Палестинското Министерство за надворешни работи го осуди повикот на Израел до генералниот секретар на ОН да поднесе оставка, опишувајќи го како „неиспровоциран напад“.Во објавата на X, палестинското министерство ја опиша позицијата на Израел како „продолжување“ на неговото „непочитување и недостаток на посветеност“ кон ОН, нејзината повелба и резолуциите во врска со Палестина.
Гутереш, кој минатата недела отпатува до преминот Рафах во обид да добие помош преку границата меѓу Египет и Газа, во својот говор го поздрави и влезот на три хуманитарни конвои досега. Но, шефот на ОН рече дека тоа е само „капка помош во океанот на потреба“, бидејќи Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) предупреди дека ќе биде принудена да престане да работи во среда поради недостаток на гориво.
„За да се олесни епското страдање, да се направи испораката на помошта полесна и побезбедна и да се олесни ослободувањето на заложниците. Го повторувам мојот апел за итен хуманитарен прекин на огнот“, рече Гутереш. Од Израел пак саркастично му одговорија гориво место од нив да бара од Хамас, покажувајжи сателитска снимка од Газа на која се гледаат складишта за нафта, иако од снимката не може да се види дали се полни или празни.
И покрај силната пропагандна кампања Израел ја губи поддршката, а особено од меѓународните организации поврзани со човековите права, кои не успева да ги замолчи. Еден од тие што не им даде виза алармираше дека болниците во Газа се преоптоварени. „Пациентите се лекуваат на под поради недостиг на кревети. Тешкиот недостиг на електрична енергија, гориво, лекови и персонал ставаат во опасност безброј животи. Од критична цважност е да се внесат витални ресурси за да се спасат животи“, напиша тој вчера на Твитер. Некои од преставниците на ОН даваа оценки со кои индиректно го предупредуваа Израел дека тоа што го прави во Газа се воени злосторства. И без тоа Израел има тешки односи со ОН и официјално прекрши 28 резолуции донесени од Советот за безбедност од илегална окупација на палестинските територии, присилно населување на доселеници, па до спроведување апартхејд.