Израел издаде наредба за масовна евакуација на градот Газа

Додека ИДФ го напаѓа јужниот дел на Газа, Израел на север издаде наредби за една од најмасовните евакуации на цивили, јави Би-Би-Си.
Големи делови од градот Газа, област веќе делумно уништена од бомбардирање, се прогласени за небезбедни, а жителите кои се засолнуваат таму се повикани да заминат поради сопствена безбедност пред „интензивните напади“ на Израелските одбранбени сили (ИДФ).
Меѓу зградите што ги истакна Израел се Исламскиот универзитет, болницата Ал-Шифа и три поранешни училишта. Додека Израел тврди дека Хамас ги користи зградите како „командни и контролни центри“, додека локалните власти и хуманитарните агенции велат дека таму се засолнуваат илјадници цивили.
За евакуација на овие области ќе треба време, велат тие, и може да има огромен број жртви.
Во меѓувреме, во текот на минатата ноќ најмалку 26 Палестинци биле убиени во девет израелски воздушни напади опишани како најинтензивни откако борбите продолжија пред 70 дена.
Бил нападнат Кан Јунис, најголемиот град во јужниот дел на Газа.
Медицински извор од болницата Насер во Кан Јунис рече дека меѓу жртвите имало и деца, а најмладото било бебе. Во нападите биле погодени домови и шатори каде што се засолнувале раселени семејства во и околу градот.