Изјавата на Џенет Јелен го собори Вол Стрит, Насдак потона два проценти

Американскиот пазар на капитал вчера беше обележан со негативен сентимент за што првенствено може да се посочи кон Џенет Јелен.
Американската министерка за финансии Џенет Јелен призна дека можеби ќе биде потребно извесно зголемување на каматните стапки на централната банка за да се контролира експлозивниот раст на американската економија, што делумно е предизвикано од трошењето на милијарди долари од владините стимуланси.
Ова предизвика вистинска продажба на пазарот на капитал, особено во технолошкиот сектор.
S&P 500 ги намали загубите откако падна за над 1 отсто на најниско ниво, откако се тргуваше на највисоки нивоа. Дау Џонс стана малку позитивен по затворањето на пазарот. Насдак немаше успех, падна за 1,9 отсто во најлошиот ден од март.
Инвеститорите се во очекување на кварталните извештаи на неколку компании, вклучувајќи ги Lyft (LYFT) и Virgin Galactic Holdings (SPCE). Генерално, досегашните резултати на компаниите лесно ги надминаа проценките, а 85 отсто од компаниите на S&P 500 објавија дека ги надминуваат очекувањата за повеќе од 22,1 отсто, според аналитичарот на Credit Suisse, Џонатан Голуб.
Акциите сега влегуваат во сезонски период на застој за добивките. А, бидејќи деловните резултати престануваат да бидат главна тема, инвеститорите во следните неколку месеци ќе реагираат на движењата околу монетарната политика и можните даночни промени, наместо на одредени податоци за одделни компании. Затоа вчера толку многу одекна изјавата на американската министерка за финансии.