Италијанец почна да ја користи парализираната рака по трансплантација на нерв од ногата


Италијанец повторно почнал да ја користи својата парализирана рака благодарение на нервот од неговата нога што бил трансплантиран во италијанска болница, за прв пат во светот.

„Операцијата е извршена денеска во болница во Торино и таа е прва ваква операција во светот, се вели во соопштението на локалната здравствена агенција.

По сообраќајната несреќа мажот останал без дел од левата нога и со оштетување на брахијалниот плексус на левата рака
Пациентот е 55-годишен социјален работник кој по сообраќајна несреќа остана без дел од левата нога и со целосно оштетување на брахијалниот плексус на левата рака.

Процедурата спроведена од лекарите беше опишана како „пионерска“ и вклучуваше префрлање на дел од ијатичниот нерв на горниот дел од телото.