Италија ги попушти мерките, кафулињата полни (Фото)
Италија во понеделникот попушти некои од епидемиолошките мерки и меѓу првите ги отвори кафулињата.
По строгите мерки кои беа воведени во текот на божиќните и новогодишните празници, соопштено е дека две третини од земјата ги задоволуваат условите за влегување во ткн. „жолта зона“ во која на кафулињата им е дозволено повторно да послужуваат на шанковите и масите, место да нудат пијалок за носење.

„Се чувствуваме мртво без кафулињата“, вели римјанка Тицијана Балдо откако келнерот ја послужи во кафуле во центарот на италијанската престолнина, пренесе Индекс.
„Убаво е да се дојде овде и да се разговара со луѓето зад шанкот. Тоа не прави живи секое утро пред заминување на рбаота“, додава таа.
Додека повеќето земји од Европа се уште се во строг карантин во делови од Италија во кафулињата се послужуваат госит на шанковите и на масите до 18 часот.
Потоа е дозволено да се продаваат пијалоци за носење, кога почнува полицискиот час кој трае до 5 часот наутро.

Министерството за здравство ги попушти мерките во 15 од 20 италијаснки региони, додека бројот новозаразени продолжува да паѓа.
Пет региони остануваат во „црвената зона“ и патувањата меѓу различни региони се забранети до средината на февруари.

Италија беше една од најлошо погодените земји во текот на првиот бран на пандемијата, а беа и втори по бројот на починати во Европа, веднаш зад Велика Британија.
Но, бројот на починати во италија исто така опаѓа, а во неделата имаа 11.252 новозаразени.