Истражување: Образовниот систем неподготвен за е-настава, потребен е уницифран модел и обука на наставниците


Образовниот систем не беше подготвен за настава од далечина и не овозможи квалитетни услови за нејзино одржување, е главниот заклучок од националното истражување за е-наставата во средните училишта за време на кризата со КОВИД-19, спроведено од здружението Лидери за едукација, активзам и развој (ЛЕАД), во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“, канцеларија Скопје. Истражувањето е направено од  25 мај до 15 јуни и биле опфатени 407 наставници и 627 ученици од средните училишта од сите региони на државата.

ЛЕАД ја поздравува одлуката на Министерството за образование и наука да се креира национална платформа за далечионско учеење која, според акцискиот план од нацрт-концептот, треба да биде воспоставена за две години, но препорачува дотогаш да биде унифициран начинот на спроведување на е-наставата доколку таа продолжи и од 1 септември.

Иван Јованов, извршен директор на здружението ЛЕАД, денеска на средба со новинарите рече дека не може да се предвиди кој од трите начини ќе се избере за новата учебна година (редовна настава, е-настава или комбинирана), но каков и да биде, рече, тој мора да гарантира квалитет и унифициран модел при што наставниците ќе бидат исто ангажирани, учениците ќе добијат еднакво знаење, а оценувањето ќе биде објективно.

Поосочи дека без разлика дали и натаму ќе има далечинска настава, потребна е обука за сите наставници за користење дигитални алатки, но и приспособување на наставните програми во услови на е-настава односно тие да бидат дел од образовниот систем и во редовната настава и неа да ја надполнуваат.

-Каков и да биде начинот, тој мора да биде квалитетен. Ако е далечинско – да бидат овозможени сите услови, исто е и со комбинираната настава. Доколку наставата продолжи онлајн, треба да се избере една платформа која ќе се користи во сите училишта за да биде унифициран пристапот. Потребна е обука за сите наставници за дигитални вештини и, дополнително, да им се создадат услови за да може да спроведуваат настава од далечина, односно да им се обезбедат лаптопи, доколку работат од дома или, пак, отворање на училиштата заради силна интернет-конекција и компјутери кои може да помогнат во онлајн-наставата. Исто така, самите училишта може да закупат ЗООМ-простор, кој воопшто не е скап, а може да помогне во далечинската настава, истакна Јованов за нивните препораки кои му ги доставиле на МОН.

Во истражувањето што го направиле во средните училишта на крајот на учебната 2029/2020, утврдиле пет причини зошто системот не бил подготвен за настава од далечина: пред пандемијата многу малку во наставата се користеле дигитални алатки, односно само во 64 отсто, најчест  начин на е-наставата во трите месеци онлајн-учење (61 отсто од случаите).бил преку праќање презентации и задачи пратени на мејл.

Притоа Јованов посочи дека платформата Едуино, изработена од МОН, кај средношколците е користена само во 1 процент. Причина за неподготвеноста е и ниското ниво на дигитализација односно наставниците немале доволно услови за далечинска настава поради намање опрема (лаптопи), потоа слабата кооординација при реализација на е-наставата односно немање онлајн-распореди во училиштата при што наставниците имале личен избор како и кога ќе ја организираат наставата што довело до забуна кај учениците.

-Имало случаи ученици да добиваат по 15 домашни задачи во еден ден, рече Јованов, посочувајќи и на уште една слабост односно причина што потврдува дека образовниот систем не бил подготвен за е-настава, а тоа е нереалното оценување  односно оценувањето се базирало врз основа на редовната настава и ниту едно училиште не направило евалуација како течело далечинското учење.