Без струја дел од ул. „Ленинова“ во Центар, без вода ул. „Качанички пат“ во Бутел
Без електрична енергија денеска од 08.30 до 15.30 часот ќе останат дел од корисниците од улица „Ленинова“ зграда 29 влез 1, 2 и 3 и ресторанот Sushi Co во општина Центар.
Прекинот е поради зафати во електродистрибутивната мрежа, најави РЦУК-Скопје, пренесувајќи известување од ЕВН Македонија.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекин во снабдувањето со вода денеска од 02.00 часот ќе имаат корисниците од ул. „Качанички пат“ во населба Бутел. Ќе се работи на отстранување дефект на приклучна цевка на ул.„Качанички пат“ бр.90 и прекинот ќе трае до негово санирање.