Јавна расправа за „Влијанието на употребата на социјалните мрежи врз младите и нивното ментално здравје“
Во Собранието денеска ќе се одржи Јавна расправа на Клубот за младински прашања на тема „Влијанието на употребата на социјалните мрежи врз младите и нивното ментално здравје“.
Настанот е во организација на собранискиот Клуб за младински прашања и политики, во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност како дел од иницијативата „Европска недела на младите 2026“ каде што посебно значење се дава на темата ментално здравје на младите.
Како што информираат од собраниската прес-служба, на јавната расправа воведни обраќање ќе имаат Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација; Ѓоко Велковски, заменик-министер за социјална политика, демографија и млади; Драгана Бојковска, пратеничка, претседателка на Клубот за младински прашања и политики; Ана Михајлов, директорка на Националната агенција за европски образовни програми; Мариа Канелопулу, раководителка на Одделот за економски прашања, градење институции, прекугранична соработка во Делегација на Европската Унија во Северна Македонија.