Истражување на Европскиот совет за иновации во политиката

Крај за пушењето? Како Европа може да спаси милиони животи и во исто време да го поттикне економскиот раст?


Во борбата против пушењето, европските земји треба сè повеќе да се свртат кон алтернативи и во исто време помалку штетни производи. Ова го поткрепи и студијата (link) на независниот Европски совет за иновации во политиката насловена „Крај на пушењето? Како Европа може да спаси милиони животи и во исто време да го поттикне економскиот раст?“. Во оваа студија јасно се гледа економскиот удел на тутунската индустрија на европско ниво, а истовремено нуди прагматичен поглед на регулативата што може да ја ублажи штетата предизвикана од пушењето.

Со оглед на статистиката дека корисниците на тутун и никотин нема да исчезнат преку ноќ, според авторот Антониос Несторас, основач и генерален директор на Европскиот совет за иновации во политиката, Европа треба дополнително да ја поттикне употребата на помалку штетни алтернативи за пушењето.

Според него, со овој пристап би се постигнале три цели – зачувување на економскиот придонес на производството „Made in Europe“; подобрување на јавното здравје преку регулаторна рамка која создава рамнотежа помеѓу намалувањето на штетите и потребата постепено да се укинуваат цигарите како најштетен тутунски производ; спречување на инвазијата на пазарот од нелегални производи со ниски безбедносни стандарди.

 

Што покажуваат бројките – какво е економското влијание на тутунската индустрија во Европа?

На европско ниво, тутунскиот сектор годишно придонесува во БДП со 223,7 милијарди евра, што е 1,3% од вкупниот БДП на Европската Унија. Вкупниот годишен приход од данокот на тутунот достигнува 112,9 милијарди евра (што е еднакво на 55,4 % од вкупните средства што ЕУ ги троши за одбрана). Овој сектор директно и индиректно вработува над 2,1 милион луѓе, чии плати изнесуваат над 60 милијарди евра.

 

Колку се губи поради црниот пазар и кои се решенијата?

Според Студијата, која ги разгледува решенијата во Директивата за тутунски производи (TPD) и Директивата за оданочување на тутунот (2011/64/EU), преземањето екстремни мерки преку регулаторни рамки кои ги забрануваат овие производи може да ја намали конкурентноста на европскиот пазар, но истовремено ќе поттикне проширување на црниот пазар и ќе им биде од корист на странските конкуренти како што е Кина.

Студијата покажа дека годишно поради црниот пазар се губат 11,6 милијарди евра, што е 8,3% од вкупната потрошувачка. Овие финансиски загуби може да се искористат за зајакнување на истражувачките и развојните активности во сите земји-членки на ЕУ за 52,5 %, што би ја подобрило иновативноста во борбата против пушењето.

 

Комерцијален текст