Истражување: Британскиот сој на короната дава нешто поинакви симптоми


 

Симптомите на позаразниот, британски сој на корона вирусот се малку поинакви од доминантната варијанта, покажува студијата на Националното статистичко биро на Британија.

Губењето на мирисот и вкусот, заштитниот знак на заразата до корона вирус, е поретка кај заразата со ткн. B.1.1.7 варијанта.

Кашчицата, уморот, мијалгијата (болките во мускулите) болките во грлото во оваа верзија се почести.

Нема разлика во главоболките, недостатокот на воздух, дијареата и повраќањето.

Во истражувањето проучени се податоци од 6.000 луѓе кои биле позитивни на корона вирусот.

Мутациите, односно промената во генетскиот материјал на вирусот, се вообичаени појави. Со некои од нив вирусот си наштетува сам на себе, а други може да му дадат предност како во случајот со британскиот сој, кој полесно се шири.

Според досегашните истражувања, сојот B.1.1.7 е од 30 до 70 отсто е позаразен од поранешниот доминантен сој.

Засега не е утврдено дека B 1.1.7 е посмртоносен.