Истече времето на Америка во Авганистан: генерал последен го напушти Кабул


Генерал-мајорт Крис Донахју осамен мирно влегува во авионот „Ц-17“

Последните моменти од 20 годишната војна ќе останат запаметени во колективната меморија на Американците. После сѐ, талибанците се пак на власт

 

После две децении, последниот американски војник замина од Авганистан без помпа, без церемонија, секако без величествената победа.

Искапен во зелено светло од визирот за ноќно гледање, генерал мајор Крис Донахју, последниот американски пар „чизми на земја“, во понеделникот вечерта се качи на задната рампа на авионот „Ц-17“.

Во панцир и кацига, командантот на 82-та воздухопловна дивизија на американската армија го носеше оружјето во десната рака, со спуштени очи додека неговата осамена прошетка ја заврши мисијата на Америка во Авганистан.

Точно во 23,59 часот според времето во Кабул, последниот од петте американски „Ц-17“ ги крена тркалата од авганистанска почва. Донахју испрати последна порака до своите војници: „Добро завршена работа, горд сум на сите вас“.

Сликата за осаменото излегување на Донахју, објавена јавно од американската Централна команда, може да го симболизира понижувачкото повлекување на Америка од земјата, погодена од насилство.

Американскиот претседател Џо Бајден претходно инсистираше на тоа дека излегувањето на Америка од Авганистан не е ни „оддалеку споредливо“ со хаосот при нејзиното заминување од Сајгон во 1975 година. Сенатор во тоа време, тој се сеќава на штетата што му беше нанесена на престижот на САД од црно-белите фотографии на хеликоптери кои набрзина пренесуваат луѓе од покривот на зградата во близина на нејзината амбасада.

Но, и тие слики имаат современа итерација. Се гледа дека Донахје мирно го напушта аеродромот, но анархијата таму пред само неколку дена, со Авганистанци држејќи се за американските авиони, може да го претстави излезот на Америка.

Зад Донахју, замаглен од камерата, стои аеродромот „Хамид Карзаи“, сцена на неодамнешен и далечен хаос, возила и опрема сѐ уште на асфалтот.

Претходните денови авионите „Ц-17“ ги транспортираа и хеликоптерите „чинок“

Надвор од sидовите и бодликавата жица лежат многу милиони долари во американскиот воен материјал, кои сега се во рацете на талибанците.

Подалеку, лежи скршена земја, „Гробишта на империите“, живеејќи според нејзиното име, тврдоглаво отпорна за странска инвазија. Коалициските сили загубија повеќе од 3.500 војници во текот на 20 години. САД потрошија повеќе од 2 билиони долари на Авганистан, повеќе отколку што придонесоа са Маршаловиот план што ја обнови Европа по Втората светска војна.

Немаше процут на Авганистан под странска окупација. Во конфликтот загинаа повеќе од 47.000 авганистански цивили; милиони избегаа како бегалци во други земји. Авганистан останува најголемиот снабдувач на хероин во светот; земјата постојано се рангираше меѓу најмалку мирољубивите и најкорумпираните во светот.

Најдобро опремената војска во историјата на светот, се покажа дека не може да одговори на трпението на бруталните, непопустливи талибанци.

„Вие имате часовници“, сакаат да речат талибанците. „Ние имаме време“.

Со осамената прошетка на Донахју, времето на Америка истече. (Гардијан)