Исламска држава ја презеде одговорноста за масакрот во Солинген: Еве која е причината


Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во германскиот град Солинген во кој маж со нож избоде три лица до смрт и рани осум.

Милитантната група објави на Телеграм дека нападот го извршил еден нејзин член „како одмазда за муслиманите во Палестина и сите други места“, пренесе Хина.

Нападот во петокот, во кој маж уби три и рани осум лица, се случи на плоштадот Фронхоф во Солинген, каде што се одржуваше фестивал по повод 650-годишнината на градот.

Полицијата се уште трага по напаѓачот. Таа објави дека е уапсено 15-годишно момче и дека се истражува дали е поврзано со напаѓачот.

Претходно во саботата државното правобранителство не ја исклучи можноста дека се работи за терористички напад.

Во близина на местото на нападот во центарот на Солинген полицијата пронашла два ножеви со кои најверојатно бил извршен масакрот.

Портпаролот на полициската управа во Дизелдорф изјави дека на видео снимката се гледа дека напаѓачот ги таргетирал жртвите во вратот.