Инфлацијата во јули на годишно ниво беше 3,0 отсто, но во однос на јуни годинава се зголеми за 0,7 отсто
Инфлацијата во земјава, мерена преку порастот на трошоците на живот во јули годинава во однос на истиот месец лани изнесуваше три отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Она што загрижува е месечниот пораст на инфлацијата, односно на трошоците на живот во однос на јуни годинава, кои се поголеми за 0,7 отсто. Најмногу за зголемување на инфлацијата во јули влијаеле трошоците за ресторани и хотели, потоа за транспорт и за рекреација и култура.
Трошоците на животот во јули годинава, во однос на јули лани, бележат зголемување за 3.0 %, а цените на мало за 3.9 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули во однос на јуни 2024 година, изнесува 0.7 %. Цените на мало, пак, во јули во споредба со претходниот месец забележал раст од 1.5%.
Зголемувањето на инфлацијата е резултат на растото на трошоците на животот во групите: ресторани и хотели за 5,8 %, транспорт за 4,9 %, рекреација и култура за 1,2 %, здравје, разновидни стоки и услуги за 0,6 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,3 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1 %.
Во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: облека и обувки за 0,5 %, храна и безалкохолни пијалаци за 0,2 %, комуникации за 0,1 %.
Трошоците на животот во групите: мебел, поќукнина и одржување на домаќинствата и образование останале на исто ниво како и во претходниот месец.