Инцидент во Јужното Кинеско Море, филипински бродови нападнати со водени топови


Службеник на филипинската крајбрежна стража ја обвини Кина дека пукала со водени топови и ги погодила филипинските бродови за снабдување во Јужното Кинеско Море, при што еден од бродовите претрпел сериозно оштетување на моторот.

Портпаролот на крајбрежната стража Џеј Тариела на платформата X (Икс) објави дека кинеската крајбрежна стража испукала водени топови врз два филипински брода за снабдување Унаизах Мае 1 и М/Л Калајан во неделата наутро во Јужното Кинеско Море.

„М/Л Калајан претрпе сериозно оштетување на моторот. Спротивно на дезинформациите на кинеската крајбрежна стража, UM1 удри во брод CCG“, рече Тариела на платформата X.

Ова е втор инцидент меѓу филипински и кинески бродови од октомври во близина на Вториот Томас Шол, ненаселен плиток појас во ексклузивната економска зона на Филипините.

Манила и Пекинг имаат долга историја на поморски спорови во Јужното Кинеско Море, низ кои секоја година минуваат стоки од милијарди долари, пренесе Хина.

Пекинг полага право на речиси целото Јужно Кинеско Море, вклучувајќи ги водите и островите во близина на бреговите на неговите соседи, и ја игнорираше пресудата на меѓународниот суд од 2016 година дека барањето нема правна основа.