Илиноис e 11-та американска држава која ја легализираше марихуаната


Гувернерот на американската сојузна држава Илиноис Роберт Прицкер денеска потпиша акт за легализација на „рекреативната“ употреба на марихуаната, со што Илиноис стана 11 држава во САД што ја легализира таа психоактивна супстанца.

Законот овозможува купување и поседување до 30 грама марихуана за локалните жители, додека нерезидентите од други места кај себе можат да имаат до 15 грама.