ИДФ: Професионални пропусти доведоа до убиство на 15 медицински техничари во Газа


 Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека „професионални пропусти“ довеле до убиство на 15 палестински медицински техничари и даватели на прва помош во инцидент во Газа во март, покажа истрагата.

Истрагата утврдила неколку пропусти за време на инцидентот, како и прекршување на наредбите и несоодветно известување за настанот, се вели во соопштението на ИДФ.

Во соопштението се додава дека војниците не пукале „случајно“ за време на инцидентот, туку отвориле оган врз, според нив, „опиплива закана“ поради, како што велат, „оперативни недоразбирања“, јави Си-Ен-Ен.