И оздравените треба да се вакцинираат против Ковид-19, но со една доза


Не веднаш, но вакцина се препорачува и за оздравените од коронавирусот со цел што подолго да имаат имунолошка заштита

Над 160 милиони луѓе во светот се заразени со САРС-КоВ2. Во Германија има 3,5 милиони потврдени случаи, од кои над 90% односно 3,2 милиони се оздравени. Ова покажува колку и понатаму ќе биде голема потребата од вакцинирање ширум светот.
Со оглед на недостатокот на вакцини, оздравените не се меѓу приоритетните групи за вакцинација, но вакцинацијата има смисла и за нив со цел што подолго да ја задржат природно стекнатата имунолошка заштита.  

Линк до целиот текст на Дојче Веле тука