И Костадин Костадинов се откажа од користење службено возило
Новиот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов денеска објави дека нема да користи службено возило од општината, ниту пак службен телефон.
Во изјава за МИА прецизираше дека ќе се вози во сопствениот автомобил со возач, а средствата од продажбата на автомобилот ќе се наменат за проектотот за Младински културен центар, кој треба да биде сместен во еден дел од подрумските простории на општинската зграда.
-Една од првите одлуки кои ќе ги предложам до Советот на Општина Струмица ќе биде продажба на службеното возило на градоначалникот. За мене само тоа е начин со кој ќе ја реализираме нашата заедничка главна цел, Струмица-Европски главен град на младите во 2025 година, рече Костадинов.
Инаку, автомобилот кој треба да се продаде е „Шкода суперб”, стар шест години.