И ќерките на Путин под американски санкции?


Владимир Путин снимен во 2007 со сега веќе поранешната сопруга Људмила и ќерката Марија

САД и ЕУ треба да воведат дополнителни санкции кон Русија денеска, среда, како одговор на тврдењата на Украина дека руските војници извршиле воени злосторства во градот Буча.

Прес-секретарот на Белата куќа, Џен Псаки, рече дека САД ќе забранат нови инвестиции во Русија и ќе воведат дополнителни санкции за руските финансиски институции, како и за официјалните лица на Кремљ и нивните семејства.

Марија Воронцова и Катерина Тикхонова

„Волстрит џорнал“ пишува дека Вашингтон размислува за дополнителни санкции против двете ќерки на Путин и Сбербанк, најголемата руска банка.

Г-ѓа Воронцова, е косопственик на инвестициски проект за здравствена заштита, а г-ѓа Тикхонова, води институт за вештачка интелигенција на Московскиот државен универзитет.

Амбасадорите на ЕУ во среда ќе ги разгледаат плановите за петтиот пакет санкции, кој вклучува забрана на увоз на руски јаглен и спречување на повеќето бродови во сопственост или управувани од Русија да ги користат пристаништата на ЕУ.