Хрватскиот ракометар, сепак, починал од тепање


 

Низата шпекулации околу смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот денеска се прекинати по обдукцијата на неговото тело која покажа дека тој починал од насилна смрт – побреда на главата.

Телевизија Телма од извори во Судска медиина дознава дека обдукцијата покажала дека Тот, кој играше за скопскиот ракометен клуб „Бутел“ починал како последица од  удар во главата, односно повреда на мозокот.

Телма за ова добила потврда и од Скопското обвинителство кое се очекува да отвори предмет. Засега инволвирани се три лица, од кои две се веќе приведени (машко и женско), а третиот е во бегство. За случајот се обезбедени и видео снимки, од кои се гледа дека, сега починатиот и останатите учесници во тепачката биле во исто друштво во ноќен клуб.

Братот на ракоматерот, Борис Тот, вчера тврдеше дека тој починал од природна смрт, срцев удар, затоа што според изјавите на лекарите во Клиничкиот центар тој бил примен во бесознание и со запрена работа на срцето, но без никакви видливи повреди.