Хорор на фестивал во Германија: Неколку лица загинаа во напад со нож, спасувачите се борат за животот на ранетите


Според првите информации има најмалку тројца загинати и неколку тешко повредени во крвав напад со нож на фестивал во Солинген.

Неколку луѓе беа убиени во петокот вечерта кога маж по случаен избор избоде посетители на фестивал во западниот германски град Солинген.

Околу 21 часот и 45 минути непознат маж ги нападнал посетителите на фестивалот на прославата на 650-годишнината од градот, при што извршил крвопролевање.

Според првите информации има најмалку тројца загинати, а Билд јавува дека многу спасувачи се борат за животот на ранетите.

Според изјавите на сведоците, сторителот би можел да има арапско потекло и е во бегство.

Коорганизаторката на фестивалската сцена објасни дека спасувачката служба се бори за животите на девет лица. Илјадници шокирани луѓе беа замолени да го напуштат плоштадот.

Градскиот фестивал беше откажан по злосторството, а полициски хеликоптер кружеше над опкружената област.