Хонгконг: Полицијата затвора блокови од згради, станарите мораат да се тестираат на Ковид-19


 Хонгконг почна да „затвора“ станбени блокови без претходна најава, како дел од контроверзната стратегија за спречување на ширењето на корона вирусот, објави Би Би Си.

Во претходните десет дена, единици на хонконгшката полиција започнаа „локдауни“ без претходно предупредување, затворајќи улици со цел да се изолираат една од друга зграда и нивните станари, наложувајќи им на сите да се тестираат на Ковид-19 или да платат 645 долари.

Владата вчера соопшти дека полицијата има дозвола да изврши упад во становите и насилно да ги извлече луѓето кои одбиваат да се тестираат.

Власта во Хонгконг ја оправдува својата стратегија и порача дека ќе продолжи со истата, и покрај критиките дека таквите мерки предизвикуваат анксиозност и паника кај граѓаните. Тие наведуваат дека се откриени неколку десетици заразени лица меѓу околу 10.000 тестирани граѓани.