Холандскиот премиер се извини поради олабавување на мерките
Холандскиот премиер Марк Руте се извини за релаксирањето на ограничувањата поради корона вирусот прерано кога случаите се зголемија во пресрет на повторното отворање.
Руте повторно ги воведе мерките за баровите, рестораните и ноќните клубови во Холандија, бидејќи случаите рапидно се ширеа кај младите, само две недели по олабавувањето, јави Ројтерс. Рестораните и баровите не ќе можат да работат од полноќ до 6 часот наутро, додека клубовите ќе бидат целосно затворени.
„Она што мислевме дека е можно, се покажа дека не е можно во пракса“, им рече Руте на новинарите во понеделникот. „Имавме слаба проценка, за што жалиме и за што се извинуваме“.
Нивото на инфекција во Холандија се искачи на највисоко ниво од оваа година во последните денови. Сепак, бидејќи повеќето случаи се млади луѓе, зголемувањето на инфекциите допрва треба да доведе до значително зголемување на хоспитализациите – но министерот за здравство, Уго де Јонге, предупреди дека ова може да се промени доколку продолжи „невиденото“ зголемување.